Дали Груевски и Ахмети направија „септемвриски договор“?

Освежени од ладниот воздух во Приштина и особено од советите и препораките и советите кои ги добија таму, од ДУИ како да ретерираaт од првичните тврди ставови. Остана само неуморниот Талат Џафери да го доврши Гинисовиот рекорд и да го видиме исходот од „дилот“.

Дали веќе падна нов - „септемвриски договор“ меѓу партнерите во коалицијата?

- ДУИ не излегува од Владата. Многумина тоа и го чекаат, за да се отвори место на нив, но ДУИ нема таква намера, изјави јасно и гласно Ермира Мехмети Деваја и го пренесе партискиот став во интервју за „Журнал“.

- Некој друг може да очекува ДУИ да ја напушти Владата и да се оди на предвремени избори. Не сме подготвени ниту заинтересирани да направиме место за игра на другите, но ќе го направиме она што е нашата политика и е во согласност со очекувањата на албански електорат, а не само на гласачите на ДУИ, додаде Мехмети Деваја.

Таа сепак ги потсети партнерот во коалицијата дека „донесувањето на законот за бранители, онака како што е предложен од ВМРО-ДПМНЕ, може да доведе до политичка нестабилност, до закана за постоењето на владата и на институциите, но и нестабилност во односите меѓу Македонците и Албанците“.

Ермира Мехмети Деваја додава дека за ДУИ овој закон е нивната „црвена линија“, и е значајно она што ќе го направат сега етничките Македонци.

Во меѓувреме се подготвуваме за избори во време кога изборната регулатива е во ќор-сокак. Остануваат отворени дилеми како да се реши проблемот со финансирањето на партиите, вели во интервју за Радио Слободна Европа вицепремиерката Теута Арифи.

- Значи тоа е и дилема која е останата како отворена како таква. Секако дека во рамки на консултациите на политичките партии и од опозицијата и од позицијата ќе се види како тоа да се надмине како забелешка од страна на ОДИХР и ОБСЕ и на претходните избори што повеќе пати беше кажана. За тоа прашање очигледно ќе ни треба пошироко договарање како тоа би го решиле, дали би го вратиле старото законско решение или засега ќе останеме на ова. Ова е прашање што треба да се реши, додава Арифи.

Сега е веќе јасно дека „математиката“ за предвремени парламентарни избори не им излезе на Груевски и Ахмети. Останува да ги дослушаме собраните дела и звукот на тишината на „неуморниот“ Талат Џафери, човекот кој е вистински хит на социјалните мрежи и да ни соопштат која е втората точка од „септемврискиот договор“



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...