Ховит денеска и утре во Македонија

Скопје, 19 септември 2012 (МИА) - Известувачот на Европскиот парламент за Република Македонија Ричард Ховит денеска и утре во Скопје ќе има средби со претставници на македонската Влада, на политички партии и на граѓанскиот сектор.

Ховит пред доаѓањето во Македонија во изјава за „Њу Јуроп“ најавува дека ќе се сретне со шефот на македонската дипломатија Никола Попоски, со други членови на Владата, со партиски лидери, но и со претставници на граѓански организации меѓу кои и на Бугарскиот културен клуб.

Британскиот европарламентарец пристигнува во Македонија неколку дена по посетата на еврокомесарот за проширување Штефан Филе и третата рунда од Пристапниот дијалог на високо ниво меѓу Европската комисија и македонската Влада, а неполн месец до објавувањето на извештајот на ЕК за напредокот на државата.

Европскиот парламент во март годинава усвои резолуција подготвена од Ричард Ховит во која уште еднаш европратениците побараа од Советот на ЕУ во најкраток рок да одреди датум за почеток на преговорите за членство на Македонија. Во документот исто така, се поздравува Пристапниот дијалог на високо ниво како чекор напред во процесот на членството на земјата во Унијата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...