Груевски се сретна со Ховит

Скопје, 19 септември 2012 (МИА) - Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, денеска оствари средба со известувачот на Европскиот парламент за Република Македонија, Ричард Ховит.

На средбата, соопшти владината прес-служба, двајцата соговорници разговараа за реформите кои се спроведуваат во Република Македонија за достигнување на европските стандарди и за европската интеграција на нашата земја.

Премиерот Груевски изрази благодарност до Ховит за неговата поддршка на нашите заложби за членство во Европската Унија и на неговата посветеност за активен придонес за промоција на нашите достигнувања. Премиерот изрази и високо почитување на улогата која што ја има Европскиот парламент во реализацијата на македонската евроинтегративна агенда.

Претседателот на Владата, Груевски го информираше својот соговорник за преземените реформски чекори од страна на Владата, при што беше изразено задоволство од одвивањето на Претпристапниот дијалог на високо ниво помеѓу Република Македонија и Европската Унија и позитивно беше оценето исполнувањето на мерките и активностите од Патоказот на дијалогот, и беше истакнато очекувањето дека Европската Комисија ќе го вреднува сработеното со позитивен извештај за напредокот на Република Македонија за членство во Европската Унија.

Исто така беше изразена македонската посветеност на надминување на отвореното прашање со Република Грција, и нашите заложби за негување, развој и унапредување на добрососедските односи.

Премиерот Груевски го информираше својот соговорник и за актуелните и комплексни случувања и односи на политичката сцена во Македонија и во владината коалиција. Тој потенцираше дека членството на Република Македонија во Европската Унија и во НАТО останува стратешка цел на нашата земја и на Владата, стои во соопштението од владината прес-служба.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...