Средба Иванов – Бан Ки-мун

Њујорк, 26 септември 2012 (МИА) - Претседателот Ѓорге Иванов, кој ја предводи македонската делегација на 67 Генерално собрание на Обединетите нации, денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Светската организација Бан Ки-мун, јавува дописникот на МИА од САД.

Се очекува главна тема на разговорите да биде процесот на разрешување на проблемот со името. На средбата, претседателот Иванов ќе побара цврста заложба за реактуелизирање и заживување на процесот на разговорите, за што поскоро решавање на овој дведецениски спор и деблокирање на евро-атлантската иднина на Македонија, за што свој личен ангажман најави и генералниот секретар Бан при неговата посета на Македонија во јули годинава.

Од кабинетот на претседателот Иванов најавуваат дека на средбата акцентот ќе се стави на конструктивната позиција на Република Македонија во разговорите, како и на македонската посветеност за придвижување на дијалогот. Македонија очекува разговорите да се водат во рамката на резолуциите на Обединетите нации, без навлегување во идентитетските одредници.

Претседателот Иванов, најавуваат од кабинетот, ќе побара од генералниот секретар да се заложи за почитување на меѓународно преземените обврски и на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг. Особено што годинашното Генерално собрание на ОН започна со конференција за владеење на правото, на која членките на Светската организација усвоија декларација со која се повикува на почитување на пресудите на МСП.

- Ја реафирмираме обврската на сите држави да ги почитуваат одлуките на Меѓународниот суд на правдата во случаите каде тие се странки, и ги повикуваме земјите кои се уште не постапиле согласно ова, да го разгледаат прифаќањето на јурисдикцијата на МСП согласно со неговиот статут, пишува во декларацијата.

Во своето обраќање на конференцијата за владеење на правото, голем број државници, предводени од генералниот секретар Бан, се заложија за почитување на пресудите на Меѓународниот суд на правдата.

- Не смееме да дозволиме индивидуалните политички интереси да ја поткопаат правдата. Ги повикувам првите луѓе на државите и на Владите во целост да ги практикуваат највисоките стандарди за владеење на правото при донесување на нивните одлуки. Владеењето на правото мора да биде темел за секоја владина акција. Повикувам да се прифатат и пресудите на Меѓународниот суд на правдата, а земјите-членки да се залагаат за поддршка на мирот преку зајакнување на иницијативите на ОН на полето на владеење на правото, нагласи Бан Ки-мун.

Македонскиот претседател Ѓорге Иванов денеска во Њујорк ќе присуствува на инаугурацијата на новите простории на Европската унија во ОН што официјално ќе ги отворат претседателот на Советот на ЕУ Херман Ван Ромпуј и високиот европски претставник за надворешна и безбедносна политика Кетрин Ештон.

Утре шефот на македонската држава се среќава со посредникот на ОН во разговорите за името Метју Нимиц и ќе има обраќање пред Генералното собрание.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...