Затвореник, поранешен припадник на ОНА, пронајден мртов во штипскиот затвор

Штип, 3 октомври 2012 (МИА) - Во штипскиот Казнено поправен дом изутрината е пронајден мртов затвореникот Ибраим Сулејмани, кој издржувал 15 - годишна затворска казна.

Портпаролот на СВР-Штип, Снежана Санева информира дека случајот е пријавен во 7:30 часот.

- За време на будењето другите затвореници забележале дека лицето И.С не се одзива на повикот и веднаш го повикале надзорникот на чуварската служба. Медицинската екипа на самото место констатирала смрт, вели Санева.

Во тек е истрага од страна на истражен судија и јавен обвинител од Штип, по што ќе се утврдат причините за смртта на И.С.

Според првичните информации од управителот на Управата за санкции Лидија Гавриловска, а врз основа на направениот увид од медицинската екипа на штипската Брза помош, се работи за природна смрт на 39 - годишниот затвореник, инаку познат како командант Мими, поранешен припадник на ОНА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...