Разбиена тринаесетчлена меѓународна криминална група поврзани со изработка на платежни картички

Со лажни кредитни плаќале роденденски забави

Единицата за компјутерски криминал при Центарот за сузбивање организиран и сериозен криминал при МВР на РМ по претходно спроведена меѓународна истрага во соработка со полициските служби во Регионот (Р.Србија, Р.Црна Гора и Р.Бугарија), а во координација на СЕЛЕК Центарот, реализираше случај во кој е разбиена тринаесетчлена меѓународна организирана криминална група инволвирана во вршење на криминални активности поврзани со изработка и употреба на фалсификувани платежни картички со цел вршење на нелегални трансакции.

Организираната криминална група е составена од 12 македонски и 1 црногорски државјанин од кои М.Н.(29), Б.Т.(25), двајцата од Скопје и М.Р.(61) – црногорски државјанин, се организатори на криминалната група, а Ј.З.(25) од Прилеп, Ѓ.Р.(43), Е.Р.(19), Г.М.(31), С.Д.(36), Д.Д.(33), Д.П.(30), З.С.(39), С.Ј.(29), сите од Скопје и М.Р.(35) од Охрид, членови на криминалната група.

При реализацијата на случајот, односно на 02.10.2012 година извршени се претреси на вкупно 11 локации (десет во Скопје и една во Прилеп), на коишто живееле/престојувале членовите на организираната група.

Во рамки на спроведените мерки и активности за реализација на случајот во Скопје, Струмица, Охрид и Прилеп се приведени 14 лица од кои по извршувањето на разговор 4 лица се пуштени, а 10 се задржани за понатамошна постапка.

Денеска, 03.10.2012 година до Основно Јавно Обвинителство за гонење на организиран криминал е поднесена кривична пријава против тринаесет лица за сторени кривични дела „Злосторничко здружување„ по чл.394 ст.1, „Правење, набавување или отуѓување средства за фалсификување“ по член 271 ст.2 и „Изработка и употреба на лажна платежна картичка“ по чл.274-б ст.1 и ст.2 од Кривичниот Законик.

Од преземените мерки и активности утврдено е дека членовите на криминалната група извршиле вкупно 61 нелегални трансакции во вкупно 32 продажни места во Скопје и Охрид, од кои 26 нелегални трансакции во износ од 494.382 денари биле успешни, а 35 нелегални трансакции во износ од 1.577.436 денари биле неуспешни.

Криминалната група во текот на јуни 2011 година ја формирале организаторите на криминалната група со цел вршење на кривични дела со фалсификувани платежни картички при што на почетокот групата била насочена кон вршење на нелегални трансакции на продажни места најчесто бензински пумпи во Скопје, за купување стока за широка потрошувачка и продажни места со техничка стока.

Во текот на месец февруари 2012 година кон криминалната група се придружил и Ј.З. кој со фалсификувани платежни картици кои ги набавувал од М.Н. вршел нелегални трансакции на продажни места во Скопје.

Во мај 2012 година со приклучувањето кон криминалната група на Г.М. и Д.Д. и С.Д. (брат и сестра) криминалната група го насочила своето дејствување кон вршење на нелегални трансакции со фалсификувани платежни картички на продажни места, а по претходен договор со вработените или сопствениците на истите. На тој начин на 19.05.2012 година членовите на криминалната група, по претходен договор со С.Ј., келнер во ресторан во Скопје, извршиле нелегална трансакција со фалсификувана платежна картичка во износ од 77.000 денари, плаќајќи за роденденска забава во ресторанот.

Во текот на јуни и јули 2012 година во Охрид, братот и сестрата заедно со Г.М., а по претходен договор со М.Р., сопственик и управител на салон за убавина и златара извршиле 3 успешни нелегални трансакции во износ од 181.500 денари и 14 неуспешни нелегални трансакции во износ од 1.130.300 денари.

Ѓ.Р. и Е.Р. (татко и син) биле задолжени да поставуваат уреди за прибирање на податоци од платежни картички во странство, кои податоци подоцна ги доставувале на М.Н., а тој заедно со НН бугарски државјанин ги изработувал фалсификуваните платежни картички.

З.С. бил задолжен да врши нелегални трансакции со фалсификувани платежни картички во странство.

Врз основа на судски наредби на 02.10.2012 година извршени се претреси во домовите на членовите на криминалната група при што е пронајдена опрема за прибирање на податоци од платежни картички: 3 уреди (скимери) за преснимување на податоци од платежни картички кои се поставуваат на банкомати и служат за крадење на податоци од платежни картички, повеќе делови од скимери, 9 фалсификувани платежни картички, 14 надворешни мемориски уреди, 19 компјутери, 22 телефонски апарати и 98 сим картички. Одземените предмети се доставени до Одделот за крим техника заради вештачење.

Во домот на Д.П. пронајден е пиштол и осум парчиња муниција кои истиот ги поседувал без дозвола. По завршувањето на постапката против истиот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Дел од членовите на криминалната група и претходно се кривично пријавувани за кривични дела извршени со фалсификувани платежни картички и имаат издржувано казна затвор како во Р.Македонија, така и во повеќе европски држави – Луксембург, Швајцарија, Грција и Србија.

Ова е трета истрага која што Единицата за компјутерски криминал ја спроведува во координација на СЕЛЕК Центарот.

За претходните две истраги спроведени во текот на 2010 и 2011 година, ЕКК од страна на СЕЛЕК Центарот беше наградена за успешно спроведените истраги.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...