Власта и опозицијата се договорија

за гласање доверба на Владата

Скопје, 5 октомври 2012 (МИА) Владејачкото мнозинство и опозицијата на координацијата на пратеничките групи кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски се договорија за текот и редоследот на говорници на денешната 43. седница на која треба да расправа и да се гласа за доверба на Владата, по барање на опзициската СДСМ.

На координацијата на пратеничките групи кај претседателот на Собранието Трајко Вељаноски е договорено на почетокот на седницата координаторот на пратениците на СДСМ Игор Ивановски да има 30-минутно образложени на барањето за гласање доверба на Владата. На неговото образложение не се предвидени реплики. 

Потоа ќе дискутираат пратениците, наизменично еден од опозицијата, па еден од владејачкото мнозинство. Пратеникот во текот на претресот може да говори повеќе пати во траење од вкупно 15 минути. На секое излагање на пратениците се дозволени по 12 реплики, а право на реплика ќе имаат и министрите.

На крајот од расправата, предвидено за 23:20 часот, пред пратениците ќе се обрати премиерот Никола Груевски, по што ќе се гласа за доверба на Владата.

Барањето за гласање доверба на Владата го поднесе опозицијата поради, како што образложија, „двомесечната фингирана конфронтација меѓу владините партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, со која се загрозуваат меѓуетничките односи и интеграциите на земјата“.

Последен пат гласање за доверба на Владата имаше на 7 јуни 2007 година, кога претседател на Парламентот беше Љубиша Георгиевски, а премиер Никола Груевски. Владата тогаш доби доверба од законодавниот дом.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...