Ќе реагираме секогаш кога се посегнува по нашиот идентитет

Скопје, 10 октомври 2012 (МИА) - Идентитетот на еден народ спаѓа во оние базични категории за кои не може да се прави компромис со никого, и затоа секогаш ќе реагираме кога некој го загрозува, истакна денеска претседателот Ѓорѓе Иванов, одговарајќи на новинарско прашање за враќањето на придавката „македонски“ во извештајот на ЕК и за неговите најави дека нема да го прими документот ако таа биде повторно изоставена.

Иванов, во изјавата за медиумите на маргините на одбележувањето на 45-годишнината од формирањето на МАНУ, оцени дека вределе сите настојувања и политички битки за „македонски“ да се врати во извештајот.

- Како што се вели меѓу народот, ако не се борите, однапред сте изгубиле. Затоа толку бев упорен токму за ова затоа што во изминатите два извештаја на ЕК тоа беше изоставено. Секогаш сум реагирал и ќе продолжам да реагирам кога се посегнува по кој било дел од нашиот идентитет, затоа што идентитетот спаѓа во оние базични категории за кои не може да правите компромис со никого. И затоа тоа треба да биде пример секојпат кога настојуваме нешто што е наше, а што им припаѓа и на други, а нам ни е ускратено мора вака да се реагира, изјави претседателот Ѓорге Иванов.

Шефот на државата поради изоставувањето на „македонски“ во претходните два извештаја на ЕК, лани и во 2010 година испрати писма до претседателот на Комисијата Жозе Мануел Баросо во кое му укажа дека таквата практика на Брисел ги навредува чувствата на македонскииот народ. Иванов во писмата до Барсо нагласи и дека тоа не помага ниту за изнаоѓање решение за наметнатиот спор за името од страна на Грција. Претседателот Ѓорге Иванов во годишноот обраќање пред пратениците во Собранието на Република Македонија најави и дека нема да го прими новиот извештај на ЕК ако во него не е содржана придавката „македонски“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...