Македонија прави максимални напори да се справи со азилантите

Скопје, 25 октомври 2012 (МИА) - Министерството за внатрешни работи и сите други надлежни институции во Република Македонија прават максимални напори за да одговорат условно речено на т.н. азилантски бран, односно да се справиме со зголемениот број нелегални и лажни азиланти, изјави денеска министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Сите овие активности, потенцира таа, се прават во координација и во контакт со државите кои се најмногу загрозени, но сепак, укажа, свесни сме дека прашањето за механизмите за контролирање на зголемените азилантски бранови генерално за сите земји од светот не само од Западен Балкан е легитимно прашање за кое земјите-членки на Европската унија треба да разговараат.

- Лично сметам дека би била погрешна одлуката против која било од земјите кои добија визна либерализација да се преземе таков радикален чекор бидејќи дефинитивно визната либерализација е најголемата придобивка за граѓаните на Република Македонија од процесот на европски интеграции барем досега, рече Јанкулоска.

Токму заради тоа, истакна таа, максимално сме посветени на справување со овој проблем. Јанкулоска уште еднаш потенцира дека барателите на азил од Република Македонија спаѓаат во групата на лица за кои е сосема извесно дека нема да добијат азил во западноевропските земји, а тоа значи дека порано или подоцна тие ќе бидат депортирани во Република Македонија и ќе се соочат со последиците, односно некои од нив кои биле корисници сигурно ќе ја изгубат и социјалната помош што ја добивале заради непочитување на законската регулатива.

МВР во изминатиот период, подвлече Јанкулоска, реализираше повеќе случаи за разоткривање на организаторите, односно на оние лица кои барателите на азил ги доведувале во заблуда, односно лажно им ветувале азил во некои од западноевропските земји.

- Продолжуваме со таквите активности неселективно без разлика кој ќе биде во таква ситуација на прекршување на Законот неминовно ќе одговара бидејќи со таквото поведение не само што ги прекршува законите на Република Македонија, туку придонесува за загрозување на едно право на над два милиони луѓе, право на слободно патување заради нивното незаконито и неодговорно поведение, порача денеска министерката Гордана Јанкулоска по обраќањето на конференцијата „Денови на приватно обезбедување 2012“.

Советот за внатрешни работи и правда на Европската унија денеска во Луксембург расправа за воведувањето на т.н. „заштитна клаузула“ со кој ЕУ унија во иднина ќе може привремено да го укине безвизниот режим за земјите од Западен Балкан.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...