Македонија е сериозен и кредибилен фактор на регионалната стабилност

Охрид, 31 октомври 2012 (МИА) - Република Македонија во континуитет ја поддржува идејата и работи во насока на развивање и унапредување на регионалната и на билатералната соработка со земјите од регионот. Најдобар доказ за тоа е активното учество во сите регионални иницијативи и форми на соработка, меѓу кои и во иницијативата SEE Clearinghouse.

Ова го истакна заменик министерот за одбрана на Република Македонија, Емил Димитриев во обраќањето на 7. Состанок на регионалните политички директори во рамки на иницијативата СЕЕЦ – Форум за одбранбена соработка на земјите од Западен Балкан, кој денесka се одржува во Охрид.

Пред присутните претставници од Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Косово, Македонија, Србија, Црна Гора, Словенија и меѓународните организации и регионални центри како НАТО, РАЦВИАЦ и РЦЦ, заменик министерот Димитриев порача дека нашата држава како функционална мултиетничка демократија е сериозен фактор на регионалната стабилност и, воедно, придонесувач кон глобалната безбедност и светскиот мир.

Во тој контекст, спомена тој, мора да се има на ум дека во време на економска криза вистинскиот пат по кој треба да се движиме се концептите „смарт дефенце“ и „поолинг анд схаринг“, како начин на постигнување поголема ефикасност во одбраната, преку порационално менаџирање со ресурсите, споменувајќи ги и македонските центри како Регионалниот тренинг центар за комуникации, Центарот за медицинска обука, армискиот полигон „Криволак“ и Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ на која неколку години наназад настава посетуваат питомци од Македонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Косово.

Регионалните состаноци на политички директори, соопшти денеска Министерството за одбрана, се на ниво на директори, помошници министри и државни советници за политика и планирање во одбраната. Како постојан и независен регионален форум, тие претставуваат највисоко тело за донесување политички одлуки од областа на одбраната во рамките на „Clearinghouse“ иницијативата. На состаноците се даваат насоки за начинот на функционирање на оваа иницијатива, се ажурираат и промовираат идеи за нови регионални проекти и се разгледуваат прашања поврзани со реформите во областа на одбраната на земјите-членки. Регионалните состаноци на политички директори се одржуваат еднаш годишно и се од големо значење за регионот.

„SEE Clearinghouse“ - Форум за одбранбена соработка на Западен Балкан“ претставува мултинационален одбранбен форум за промовирање и продлабочување на регионалната соработка во духот на добрососедските односи, градење на доверба, меѓусебна соработка, редовна размена на информации и најдобри практики во областа на одбраната и реформите и поддршка на евро-атланските интеграции на земјите од регионот.

Со СЕЕЦ раководи копретседателство на ротациона основа составено од една држава која е надвор од регионот и една држава од регионот. За 2012 година Република Македонија и Кралството Норвешка се во улога улогата копретседавачи со СЕЕЦ иницијативата.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...