На „Блаце“ запленети 5,4 килограми марихуана

со пазарна вредност од 60 илјади евра

Скопје, 6 ноември 2012 (МИА) - Царинските службеници на граничниот премин Блаце вчера попладне спречија обид за шверц на 5,4 килограми марихуана. Дрогата од Косово во Македонија се обиделе нелегално да ја внесат лицата И.Е. и Е.М, македонски државјани претходно познати на органите на прогонот за кривични дела поврзани со дрога, оружје, насилство...

Вредноста на дрогата, доколку би се продавала на големо се проценува на околу 16.000 евра, но во малопродажба цената би достигнала и до 60.000 евра, информира на прес-конференција директорот на Царинската управа Ванчо Каргов.

Според првичните сознанија добиени при распит на двајцата осомничени, стоката на Косово била пренесена од Албанија, а оттаму преку граничниот премин Блаце требала да се транспортира во Македонија.

Цариниците ја откриле марихуаната при контрола такси возило Volkswagen Passat  со македонски регистарски ознаки, во кое патувале И.Е. и Е.М. На подот под шалт таблата пред нозете на совозачот со иницијали И.Е., цариникот забележал сина платнена торба. Лицето И.Е. се обидело да го спречи цариникот да ја прегледа патната торба, земајќи му ја од рацете. Цариникот побарал да се отвори хаубата на возилото и додека лицата И.Е. и Е.М. го правеле тоа, тој ја прегледал патничката торба и во неа пронашол неколку спакувани парчиња, залепени  со кафеава селотејп  лента.

Веднаш е побарана асистенција од  полициските службеници од граничниот премин Блаце, пришто лицата и возилото биле обезбедени. За тоа време царинските службеници извршиле детална контрола на возилото и на торбата во која се пронајдени вкупно 11 спакувани парчиња, облепени  со кафеава селотејп  лента со непозната тревкаста материја од растително потекло со зеленкасто кафеава боја.

Според исказите, вчера околу 15 часот пријавените по претходен договор со такси возило тргнале од Скопје кон граничниот премин Блаце. Пред преминот се симнале од такси возилото и пешки ја поминале македонско-косовската граница. Откако ја поминале и косовската граница се качиле во друго такси возило кое ги однело до паркинг просторот на влезот во Урошевац. Таму се сретнале со косовски државјанин од кого ја презеле стоката со намера да ја пренесат и предадат во Скопје. На самиот паркинг, пронашле такси возило и се упатиле кон Блаце за да влезат во Македонија. Марихуаната требале да ја предадат на лице во Скопје, а за услугата пријавените требале да добијат соодветна парична награда.

Против осомничените лица Царинската управа ќе поднесе кривични пријави за сторено кривично дело „Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ и ќе бидат предадени на истражен судија за натамошно постапување.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...