Преговорите со ЕУ треба да почнат

Скопје, 7 ноември 2012 (МИА) - Моите очекувања се дека пристапните преговори со ЕУ треба да почнат. Впрочем и Европскиот парламент и Европската комисија го повторуваат тоа, изјави известувачот за Македонија во Европскиот парламент Ричард Ховит.

- Како известувач за оваа држава, јас изнесувам критики кога тие се оправдани, но оваа држава достигна позиција кога преговорите треба да почнат. Целиот мој напор и енергија се фокусирани врз обидот да се најдат вистинските компромиси во Брисел за да може да почнат пристапните преговори со ЕУ, вели Ховит за Радио Слободна Европа во врска со шансите Македонија да добие датум за почеток на преговорите со ЕУ.

Еврокомесарот Штефан Филе, додаде тој, лично отпатува во Атина и во Софија да се обиде да помогне во постигнување консензус за да се изгласа датум за преговори во декември.

- И јас бев во Атина, работам блиску со бугарските колеги, имам интензивни разговори со сите политички лидери оваа недела тука во Скопје, бидејќи мислам дека е возможно. Не предвидувам што ќе се случи, не велам дека нема да се случи, она што го кажувам е дека треба да се случи, изјави известувачот за Македонија на ЕП Ричард Ховит.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...