Почина актерот Владимир Ангеловски Дади

По неколкумесечно боледување, вчеравечер на 66 годишна возраст почина еден од најголемите македонски актери Владимир Ангеловски – Дади.

Во Драмскиот театар утре во 10.30 часот ќе се одржи комеморација, а актерот ќе биде погребан на градските гробишта Бутел во 12 часот.

Владимир Ангеловски – Дади е роден на 22 мај 1946 год. во Скопје како втор син во семејството на Борис и Костадинка Ангеловски. Татко му попот Борис имал свој црковен хор и прв ја направил комплетната црковна богослужба со ноти и на македонски јазик, а мајка му била учителка во основното училиште “Кирил и Методиј”. Неговиот постар брат Коле Ангеловски на македонската јавност и е познат како извонреден режисер и актер со кој Дади има соработувано многупати.

Огромен е бројот на улогите во кои се појавува Дади, почнувајќи од детските серии и драми, па се’ до сериозните улоги во некои од најзначајните македонски филмови, драми и серии.Секако дека не постои дете кое ја нема гледано познатата детска трилогија “Чук,чук Стојанче” , “Баш челик” и “ Шекспир во приказни” која постигнува огромни успеси и тука и на сцените низ Југославија. Незаборавни се и ликовите Диди и Дади кои ги играат Дади и неговиот брат Коле Ангеловски во тв серијата “Да видам, да видам што да бидам”. Исто така Дади се појавува и во операта на МНТ во оперите “Шеќерна приказна” и “Деспина и мистер Докс”. Во 1967 година игра во психолошкиот филм “Мементо” во режија на Османли Димитрие, а во 1988 игра една од главните улоги во филмот “Викенд на мртовци”.

Понатаму следуваат улогите во филмовите “ Солунски патрдии” , во режија на Коле Ангеловски, ”Калигула” во режија на Миле Гроздановски, ”Рибарски караници”, серијата “Лото, лото” исто така во режија на Коле Ангеловски,во претставите “Мефисто”, и “ Дунек” со кои заработува и некои од неговите награди. Тука се и сериите: “Агенција осамени срца”, “Училиште за кловнови”, “Трст виа Скопје”, “Битолски лакрдии” и многу други.

Неизбежно е а да не се спомене радио-телевизиската програма “Хихирику” со која што заедно со своите колеги Димче Мешковски, Катерина Коцевска, Благоја Чоревски, и Гоце Тодоровски во 2004-тата година го прославија јубилејот од 25 години од нејзиното постоење.Со некои од своите колеги има настапувано и неколкупати во Австралија изведувајки познати македонски драми за тамошните Македонци. Значајни се секако и улогите на Дади во голем број од Македонските народни приказни, а интересен е и фактот дека тој е единствениот актер кој девет години по ред настапува на манифестацијата Глумците пеат, колку што и постои самата манифестација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Двајца ненормални играат фудбал. После некое време едниот извикува:
- ПОЛУВРЕМЕ!!! Сега ти си топката.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1545.- Бродот „Мери Роус“, гордост на воената...
1814.- Роден е американскиот пронаоѓач Семјуел...
1834.- Во Париз е роден Едгар Дега, француски...
1866.- Умре германскиот математичар Георг...