Ќе реагирам секогаш кога се посегнува по македонскиот идентитет

Скопје, 20 ноември 2012 (МИА) - Ќе реагирам секогаш кога се посегнува по македонскиот идентитет, истакна претседателот Ѓорге Иванов, одговарајќи на новинарско прашање за постапката на евроамбасадорот Аиво Орав кој во Европскиот парламент Македонците ги именуваше како „славомакедонци“.

- Јас затоа сум и избран од граѓаните. Така реагирав секој пат кога се посегнува по македонскиот идентитет. Тоа е чувствително прашање, особено во овој период кога сакаме сите наши граѓани да ги убедиме зошто е битно да бидеме дел од ЕУ и да ги почитуваме европските стандарди, критериуми и принципи, изјави Иванов кој смета дека ако правото за самоидентификација и човековото достоинство  важи за другите треба да важи и за нас.

Претседателот Иванов, кој денеска ја посети Катедрата за албански јазик на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“, поради именувањето на Македонците како „славомакедонци“, вчера го повика на консултации евроамбасадорот Орав. Иванов денеска не откри што разговарале и додаде дека Орав имал изјава во која, како што рече, кажано е се.

Евроамбасадорот Аиво Орав синоќа за МИА изјави дека немал намера да навреди никого со минатонеделниот говор во Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент.

- Не беше дадена никаква политичка изјава, ниту имав за цел да навредам некого. Ние во институциите на ЕУ разбираме  колку е чувствително ова прашање во земјава, а и јас лично разбирам колку е чувствително, рече Орав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...