Министрите за надворешни работи на ЕУ во вторник ќе расправаат за Македонија

Советот за општи работи (ГАК) на ЕУ во вторник, 11-ти декември, дефинитивно ќе одлучи дали и кога Македонија ќе ги почне пристапните преговори за членство во Унијата.

Ова стана јасно откако амбасадорите на земјите-членки на ЕУ на вечерашниот маратонски состанок во рамки на Корепер 2 групата не успеаја да ги договорат заклучоците за нашата земја во врска со предлогот на ЕК да се одреди датум за почеток на преговорите по четири едноподруго позитивни препораки и седумгодишен статус на земја-кандидат, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Средбата на амбасадорите, пред состанокот на ГАК каде министрите за надворешни работи и за европски прашања на земјите-членки, траеше повеќе од седум часа и повторно заглави околу точката за Република Македонија. Амбасадорите не можеле да дојдат до консензус и според портпаролот на Кипарското претседателство со ЕУ, Никос Христодулидис, во вторник ќе се дознае дали Македонија ќе почне да преговара за членство во Униајта.

- Нема договор во врска со Поранешната Југословенска Република Македонија, изјавува Христодулидис. Инаку, токму пред вечерашниот состанок, беше подготвена драфт-верзија која не помина на Корепер 2, а не се знае и нејзината судбина на Советот за општи работи на ЕУ, во рамки на која се предлага Македонија да добие датум за почеток на пристапните преговори во јуни 2013 година, кој најмногу би зависел од вонредна препорака на Комисијата за нашата земја што би се подготвила дотогаш, а која најмногу би се засновала на добрососедските односи.

- Европскиот Совет во голема мера ја дели проценката на ЕК дека политичките критериуми продолжуваат доволно да се исполнуваат и обрнува внимание на препораката да се отворат преговорите за пристапување со Поранешната Југословенска Република Македонија. Со оглед на можното отворање на пристапните преговори во јуни 2013 година, Советот ќе го испита напредокот во спроведувањето на реформите во контекст на Пристапниот дијалог на високо ниво (ХЛАД), врз основа на извештајот што би бил претставен од страна на Комисијата во првата половина на 2013 година. ЕК се поканува да поднесе навремен предлог за рамка за преговори во согласност со заклучокот на Европскиот совет од декември 2006 година и воспоставената практика, која исто така ги зема предвид добрососедските односи, се предвидува во драфт-верзијата.

Во врска со односите со соседите, документот предвидува дека одржувањето добрососедски односи, вклучувајќи ја и потребата за изнаоѓање на компромисно и взаемно прифатливо решение за прашањето за името под покровителство на ОН останува од суштинско значење.

- Постои потреба да се донесат долготрајните разговори за прашањето за името до дефинитивен заклучок без одлагање. Советот го поздравува импулсот, кој е генериран од последните контакти/размена меѓу двете страни, по грчкиот предлог-меморандум за разбирање. Советот, покрај тоа е охрабрен од последните контакти со посредникот на ОН, се наведува во ова нацрт-решение.

- Советот го има предвид прегледот на спроведувањето на Охридскиот рамковен договор и ја охрабрува Владата на Поранешната Југословенска Република Македонија да се движи брзо во следната фаза на разгледување. Советот забележува особен придонес од Пристапнито дијалог на високо ниво (ХЛАД), кој дејствува како катализатор за реформи. Истакнувајќи дека континуираните напори се потребни, Советот повикува реформите да продолжат со континуирано фокусирање на владеењето на правото, вклучувајќи ја слободата на изразување, борбата против корупцијата и меѓуетничките односи и помирувањето. Советот потсетува дека спроведувањето на Охридскиот рамковен договор останува суштински елемент на демократијата и владеењето на правото, се вели на крајот од документот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...