СДСМ со невозможни услови, бараат смена на тројца министри

Социјалдемократскиот сојуз бара смена на тројца министри за да излезе на претстојните локални избори во март годинава, ваква одлука била донесена на вчерашната вонредна седница на Централниот комитет на партијата, јавуваат дел од медиумите.

Според неофицијални информации, СДСМ ќе бара смена на министрите за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, финансии Зоран Ставрески и правда Блерим Беџети и на нивно место да се стават луѓе кои се прифатливи за опозицијата и за власти. Дополнително СДСМ бара изборите да бидат организирани од “влада на доверба“.

Вонредната седница, според избори на порталот Курир, траел пет часа во тензична атмосфера на раб на инциденти.

Курир објавува, дека на седницата имало жестоки дискусии кои биле проследени со повишен тон, со аплаузи на двете страни, но паралелно на површина испливале два различни ставови.

Едниот став, според информациите на Курир, бил да се понудат неприфатливи и нелогични барања, чија цел на Црвенковски е со неприфаќање на тие услови од страна на власта тој да создаде алиби за бојкотирање на изборите. Тие невозможни услови би имале за цел истите да не бидат прифатени и тоа да биде искористено како аргумент најголемата опозициска партија да ги бојкотира изборите.

За разлика од овој став, зад кој застанале дел од социјалдемократите кои се заложиле за спас на кариерата на лидерот Црвенковски, наместо соочување со граѓаните во март, на седницата постоело и друго размислување кое го застапувале дел од градоначалниците на СДСМ кои се на власт како Зоран Заев, Стевчо Јакимовски и Зоран Дамјановски- Циц, кои што се надеваат на победа и кои реално имаат што да изгубат, како и нивните приврзаници во централниот одбор.

Сепак, на крај во тензична атмосфера социјалдемократите успеале да ја протуркаат идејата за невозможни услови, кои доколку бидат одбиени од страна на власта би му помогнале на Црвенковски да создаде алиби да не се оди на избори и да се продолжи со создавање на хаос. Со тоа Црвенковски ќе го добие посакуваното, да се зборува за се' друго, освен за негово збогување со политиката во Македонија.

Исто така, на седницата имало и поделени ставови околу тоа дали СДСМ треба воопшто да поставува услови или да остане доследна на своите најави и да оди на бојкот. Имало и различна дискусија околу тоа колку реални би биле тие барања.

Познавачите сметаат дека на овој начин Црвенковски “убива две муви со еден удар“. Прво, ја дефокусира темата да и донесе победа на партијата, бидејќи во спротивно ќе мора да си оди, и второ, се обидува сите кандидати да ги повлече во живата кал во која тој тоне веќе од поодамна.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...