Романот „Фрида или за болката“ од Славенка Дракулиќ објавен на македонски

Скопје, 10 јануари 2012 (МИА) -  Издавачката куќа „Икона“ го објави на македонски јазик хрватскиот бестселер „Фрида или за болката” на познатата писателка Славенка Дракулиќ, кој е продаден во повеќе од 10.000 примероци и преведен на англиски од најголемиот светски издавач „Пингвин“. Книгата е еден вид биографија на славната мексиканска сликарка Фрида Кало, сопруга на прочуениот сликар Диего Ривера.

- Но „Фрида или за болката” не е толку животопис на Кало, колку што е интимен опис на болката, а во таа смисла и на животот како болка. Љубовта и болката се опсесивни теми за Славенка Дракулиќ, а во Фрида Кало пронашла хероина која и овозможила да ги истражи најдлабоките и најосновни чувства кај човекот. Фрида, и покрај постојаната и неподнослива болка предизвикана од многубројните операции, живеела интензивно и исполнето. Нурнувајќи се во нејзиниот свет, со многу деликатност, Дракулиќ напиша фасцинантен роман во кој постојано се испреплетуваат јазикот на болката и јазикот на љубовта, соопшти издавачот.

Славенка Дракулиќ  (Риека, 1949,) е меѓу најпознатите и најпреведуваните писателки на Хрватска. Објавува есеи, романи и стручна литература и пишува за повеќе весници и списанија. Нејзини најпознати книги се: „Балкан Експрес“ (1992), „Кафе Европа“ (1996), „Како да ме нема “ (1999) „Басни за комунизмот“ (2009)... Во 2005 година ја  доби „Лајпцишката книжевна награда за европско разбирање“. Славенка Живее во Шведска и во Хрватска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...