Почнува Вевчанскиот карневал

Вевчани викендов е домаќин на традиционалниот карневал кој како безграничен театар секоја година во пресрет на Стара Нова година и празникот Василица собира стотици маскирани лица.

Годинава ќе гостуваат музичари од Македонија и од соседните земји. Преткарневалската програма почна вчера со новогодишен концерт на КУД Дримкол од Вевчани, а вечер ќе настапат: Скандал састав, Верица Ристевска, Стрингс - Пламенка Трајковска трио, Пука козметика и Дивље јагоде. Пред вечерашниот концерт ќе биде презентиран и меѓународниот проект „Карневалот крал на Европа“.

Вевчанскиот карневал официјално ќе почне утре напладне и вечерта ќе продолжи со фолк-програма и учество на Чаки панкерот, Дијана бенд, Нино Величковски и Благица Павловска. Карневалот завршува на зајдисонце на Василица, 14 јануари, со церемонијално палење на маските. Фрлањето на маските во огнот го симболизира уништувањето на злото, прочистување од лоши духови и влегување со чиста душа во новата година која на тој датум почнувала според стариот календар.

Карневалското дефиле се случува на вевчанските улици, кои стануваат сцени за парада на маски со кои се илустрира инвентивноста и досетливоста на тие што ги носат. Покрај традиционалните маски - Невеста и Зет, Глупав Август, Музичари и Ѓаволи, останатите се по избор на карневалските групи кои секојдневниот и социјалниот живот го исмеваат и преку своите костуми и гестикулацијата.

Специфика на карневалот е што тој не се режира, туку се се одвива импровизирано и спонтано. Има непрекинат континуитет што го прави единствен - стар е над 1400 години, колку и селото Вавчани, и е интересна комбинација на паганство и модернизам. Главни особини му се архаизмот, тајноста и импровизацијата и по својата автентичност се разликува од сите други карневали во светот. Од 1993 година Вевчани е член на Федерација на европски карневалски градови.

Општината очекува голем број посетители и уште повеќе млади учесници. - Најмногу ме радува што во карневалската поворка има се повеќе млади луѓе, и машки и женски, што не било во изминатиот период. Тоа ни дава голем мотив и сила да и покажеме на јавноста како се штити традицијата, рече градоначалникот Перо Илиевски кој на прес-конференција минатата недела покани на масовно присуство од 12-ти до 14 јануари во Вевчани.

И оваа, како и во изминатите три години, Министерството за култура го помага Вевчанскиот карневал со еден милион денари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...