Се утврдуваат причините за пожарот во Македонска пошта

Скопје, 16 јануари 2013 (МИА) - Увидни екипи на МВР се на терен за да ги утврдат причините за пожарот што вчера ја зафати главната зграда на АД „Македонска пошта“ - Скопје, а на местото се уште е присутен и пожарникарски тим.

- Пред објектот дежура едно противпожарно возило со пет пожарникари заради превенција и доколку има потреба да интервенира, изјави изутринава за МИА Благоја Менковски, командант на Бригадата за противпожарна заштита на Град Скопје.

Тој истакнува дека синоќа пожарникарите професионално и на време интервенирале во, како што посочи, еден од поголемите пожари во Скопје.

Опожарени се дел од фоајето и неколку катови од објектот. Во гаснењето на пожарот што избувна вчера попладне околу 16 часот и 30 минути учествуваа 40 пожарникари со 20 противпожарни возила. Се претпоставува дека пожарот избувнал во сервер салите во „Македонска пошта“.

Едно лице синоќа е пренесено во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје, поради тешкотии при дишењето. Директорката на Клиниката, Јасмина Чабуковска информира дека станува збор за маж на околу 35 години кој е во стабилна здравствена состојба.

Поради оштетувањата на зградата, управата на АД Македонска пошта - Скопје ќе функционира во објектот на Пошта 2, лоциран кај новата Железничка станица.

Директорот на Македонска пошта Рафиз Алити изјави дека поштата нормално ќе работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...