Попоски во Брисел на средби со Филе

Брисел, 22 јануари 2013 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски од утринава ја започнува својата дводневна посета на Брисел исполнета со серија средби со високи претставници на Европската унија, јавува дописникот на МИА од Брисел.

Главен настан во агендата на првиот човек на македонската дипломатија денеска е средба со еврокомесарот за проширување на Унијата, Штефан Филе која во 11 часот ќе се одржи во зградата „Берлемонт” која е седиште на Европската комисија.

Тема на разговор на Попоски и Филе се очекува да биде македонската евроинтеграција и се поизвесните шанси за добивање на датум за почеток на пристапните преговори во ЕУ. Денешната работна посета на Попоски на Брисел ќе биде исполнета и со голем број на работни средби со европарламентарци. Така, пред состанокот со Филе, министерот за надворешни работи на Република Македонија ќе разговара со европратеникот Николаи, а освен со него, и со Ричард Ховит, известувач од ЕП за Македонија, Јорго Шацимаркакис, Кирилов, Ковачев и Кастлер, сите припадници на европскиот законодавен дом.

Утрешната агенда на министерот Попоски, пак, е уште понабиена од денешната. Па, така, тој в среда ќе има работни средби со следните европарламентарци: Роучек, Кукан, Свобода, Гианаку, Тенок, Нејнски, Вигенин, Брок и Подимата. Сите овие средби на Попоски се со цел остварување на подобра соработка на Република Макеоднија со нашите соседи и земјите-членки на ЕУ и надминување на спорните прашања со нашите соседи во очекување на пролетниот извештај на ЕК на Македонија и долгоочекуваниот почеток на преговорите за членство на нашата држава во ЕУ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...