Еден починат од грипот А (H1N1), тројца во критична состојба

Скопје, 24 јануари 2013 (МИА) - Маж на возраст од 62 години од Тетово со детектиран вирус на грип од типот А (H1N1) почина вчера на Клиниката за инфективни болести.

Доктор Сања Маринковиќ од Клиниката за инфективни болести информира дека лицето имало поголем број хронични заболувања (бубрежна болест, дијабетес, хипертензија, срцево заболување), претходно седум дена се лекувало дома, било предмет на лекување на матичен лекар, а 20 часа престојувало на Клиниката.

Таа потенцира дека кај пациентот, кој не бил вакциниран, се преземени сите неопходни мерки за интензивно лекување и поставен бил на асистирана вентилација.

- Од пациентите кои се хоспитализирани на Клиниката, тројца меѓу кои едно четиригодишно дете, се примени на лекување на Интензивна нега и засега се критично болни, но во нешто постабилизирана состојба за разлика од приемот. Од нив еден е со хронични претходни заболувања, а двајца се на помлада возраст без хронични заболувања, рече Маринковиќ.

Јованка Костовска, раководител на Секторот за превентивна здравствена заштита при Министерството за здравство изјави дека од понеделникот до денеска има 22 нови случаи со вирус на грип од кои 19 се од типот А, а три се од типот Б. Од тие 19, 14 се со тип H1N1, а пет со вирус на грип од типот H3N2.

- Од податоците од Институтот за јавно здравје кои ги имаме добиено во текот на денешниот ден, вкупна бројка на пријавени случаи со симптоми на грип до денес е над 1.750 лица од кои само во последната недела 750. Тоа е знак дека бројот на заболени од грип се зголемува. Во следниот период ќе очекуваме уште поголем број заболени. Заболените се од Скопје, Струмица, Куманово и Тетово, рече Костовска.

Во однос на испитаните лабораториски анализи, нагласи таа, сега вкупниот број позитивни примероци е 40 (од кои над 70 отсто имаат вирус на грип од типот А (H1N1), од вкупно 65 испитани примероци.

- Сите типови на вирус на грип даваат исти симптоми, клиничка слика и лекувањето е исто. Санитарниот и здравствен инспекторат е на терен. Имаме податоци од нив дека интензивно низ целата држава вршат контроли во училиштата и градинките. Од она што го имаме од терен, нема некоја поголема отсутност на ученици или деца од градинките. Се уште грипот е со помал интензите, меѓутоа се преземаат мерки на терен, да не дозволиме поголемо ширење во градинки и училишта, посочи Костовска.

Таа повика на зголемување на хигиената на работните места, во образовните и здравствените установи, градинките, во јавниот сообраќај - повеќе чистење и дезинфекција на автобусите, проветрување на простории и миење раце по секое излегување надвор.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...