Односите исклучително добри, приоритет економската соработка

Средба Груевски-Дачиќ

Скопје, 28 јануари 2013 (МИА) - Постоечките исклучително добри пријателски односи, обостраната посветеност и подготвеност за континуирано продлабочување и надградување на добрососедските односи во функција на просперитетот на двете држави и на регионот со посебен акцент на продлабочување на економската соработка и трговската размена, беа темите на кои денеска во Скопје разговараа премиерите на Македонија и на Србија, Никола Груевски и  Ивица Дачиќ.

Како што нагласи премиерот Груевски, разговарано е и за реализација на инфраструктурни проекти, надградување на транспортните и енергетските капацитети и обезбедување на енергетска стабилност во регионот, како и финализирање на активностите на Коридорот 10. На средбата се разговарало и за  иницирање проекти за уште поголема соработка на компаниите од двете земји, особено трговијата,  земјоделството, туризмот, како и во областа на медицината.

Груевски ја истакна и поддршката на македонската Влада за разработката, анализата и изработка на студии за проектот „Дунав - Морава - Вардар - Солун“.

Унапредувањето на пограничната соработка, подвлекоа Груевски и Дачиќ,  е приоритет, а покрај отворањето на заедничкиот граничен премин за локален сообраќај Голема Црцорија-Голеш, во тек се подготовки за  отворање нови граничен премин Лојане - Миратовце, Огут - Трговиште и Татаринец - Слабоуевац за олеснување пред се на комуникацијата на граѓаните кои живеат во тој регион. Потврдена е и добрата релација во однос на македонското малцинство во Србија, и на српското во Македонија.

Двајцата премиери во врска со евроинтеграциите биле согласни дека се потребни континуирани реформи за постигнување на европските стандарди. Во таа насока, постои заемно очекување дека Европскиот совет на следниот самит ќе донесе одлука за отворање на пристапните преговори за двете земји.

- Тоа ќе претставува валоризација за преземените реформи и чекори на овој план и ќе биде вреднување на нашата посветеност и одговорен однос за надминување на предизвиците преку дијалог и одржливи решенија, но и стимулација за поддржување на напредокот во сите сфери кои имаат влијание на евроинтерграциите, истакна Груевски.  Дачиќ истакна дека Србија ја дава поддршката за Македонија што побргу да добие дата за почеток на преговорите со ЕУ.

Премиерите Груевски и Дачиќ потенцираа дека помеѓу двете држави немаме крупни отворени прашања, меѓутоа останува прашањето кое ги оптоварува двата народа на релација МПЦ - СПЦ. Според Дачиќ различни се позициите и за Косово и Метохија. Во тој контекст, како што информира српскиот премиер, тој го замолил неговиот македонски колега во овие услови, како што рече, да имаме воздржан пристап како придонес кон дијалогот и обидот да се дојде до компромисно решение.

- Тоа не е во наша директна надлежност како политичари и премиери, тоа е пред се во надлежност на самите цркви и тие тоа треба да го решат, но ние како одговорни луѓе сме секогаш подготвени да помогнеме доколку тоа е потребно и се побара од нас во правец на затворање на ова прашање, изјави на  заедничката прес-конференција претседателот на македонската Влада Никола Груевски.

Српскиот премиер Дачиќ, меѓу другото, нагласи дека се подготвени да помогнат и да посредуваме во решавањето на црковното прашање. На новинарското прашање дали оваа година ќе можеме да го прославиме 2 Август во манастирот „Св. Прохор Пчињски“, тој потсети дека тоа е објект на СПЦ.

- Како држава Србија сака да посредува во работите, односно да се дојде до некое одржливо решение кое во овој момент би било прифатливо за сите, рече Дачиќ.

Ви името на српскиот претседател Томислав Николиќ, Дачиќ ја пренесе пораката до македонскиот народ дека Србија сака искрена пријателска соработка.

- На Македонија не и се заканува никаква опасност од северот ниту за нејзиниот опстанок, ниту за нејзиниот идентитет. Србија може само да помогне ако таква опасност постои од некои други страни, во политичка смисла, рече Дачиќ на прес - конференцијата.

Српскиот премиер денеска во Скопје се сретна и со претседателот на Собранието на Македонија Трајко Вељаноски, а синоќа заедно со неговиот македонски колега Никола Груевски присуствуваа и имаа обраќања на академијата по повод одбележувањето на Денот на Свети Сава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...