Македонија треба да ја искористи можноста

Стразбур, 11 февруари 2013 (МИА) - Десетина дена пред комисиската расправа за најновата резолуција на ЕП за напредокот на Македонија, за која се поднесени рекордни 203 амандмани, известувачот Ричард Ховит, од 13 до 15 февруари, доаѓа во Скопје во обид да помогне за воспоставување на политичкиот дијалог.

- Во моментов, кога постои прекин на политичкиот дијалог меѓу партиите, уште е поважно да бидам во земјата, да ги слушнам сите и да видам како европскиот пристапен процес може да ги врати работите на вистинскиот пат во Скопје, вели британскиот европратеник за Дојче Веле.

На прашањето дали е оптимист дека ќе биде најдено решение за дијалогот меѓу двете најголеми партии во Македонија, известувачот на Европарламентот вели дека неговата работа не е да биде оптимист или песимист.

- Мојата работа е да и‘ помогнам на земјава да се приближи кон ЕУ и сакам да ги сослушам сите партии. Еврокомесарот Филе лично и детално ме извести за неговата последна посета овде и се надевам дека со тоа што ќе бидам во земјата, што ќе ги слушнам сите инволвирани во политичката криза, ќе имам позитивно влијание, но не како судија или посредник, бидејќи тоа не е мојата улога, туку позитивно и конструктивно влијание што ќе овозможи да се воспостави дијалог и да се фокусираме на тоа што треба, а тоа е добивање на датумот за пристапните преговори, што ми е главниот приоритет, рече Ховит

Тој не сака предвреме да оценува дали е загрозен процесот на европската интеграција во Македонија. Тоа ќе го направи по посетата на земјата и разговорите кои ќе ги води таму.

- Но, очигледно, одлуката на Европскиот совет во декември е можност за земјата, откако три пати препораките на Европската комисија беа забележани, но Советот не дејствуваше според нив. Ова е важна можност и би сакал да зборувам за тоа со сите актери во земјата за да ја искористат таа можност, рече известувачот на ЕП за Македонија.

Освен Ричард Ховит, во текот на овие денови во Македонија се очекува да пристигнат и други европратеници со цел да се воспостави политички дијалог меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ да се врати во Собранието. Но, и ако СДСМ се врати во Парламентот и ако се воспостави политичкиот дијалог, штетата веќе е направена.

Во новите предложени измени на нацрт резолуцијата на Ховит се бара во извештајот да стои дека „настаните во Парламентот се сериозен чекор назад во политичкиот дијалог и демократското функционирање на институциите во земјата“, се изразува загриженост од состојбата и се повикуваат Владата и опозицијата да го обноват дијалогот, без оглед на тонот во повиците во зависност од политичкиот блок на тие кои ги испраќаат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...