Македонија да демонстрира внатрешно единство

порачуваат европратениците

Скопје, 12 февруари 2013 (МИА) - Македонија е на добар пат во процесот на евроинтеграциите и за тоа има целосна поддршка од Европскиот парламент. По одлуката на Европскиот совет од декември, земјата има можност оваа година да ги почне преговорите за пристапување во Унијата, а за таа цел мора да демонстрира внатрешно единство. Со постојната криза во Парламентот се праќаат погрешни сигнали.

Ова го порачаа европратениците од групата на Европската народна партија Јержи Бузек (Полска), Туне Келам (Естонија), Мирослав Миколашик (Словачка) и Ласло Токеш (Романија) на денешната прес-конференција со министерoт за надворешни работи Никола Попоски.

- Еден од најважните критериуми за пристапување во ЕУ е и висок стандард на демократијата. Демократијата подразбира и постојан дијалог меѓу опозицијата и власта. Таков дијалог треба да има и во Парламентот и тој треба да продолжи. Отсуството на опозицијата од Парламентот е секако неприфатливо. Затоа и владејачките партии и опозицијата ја споделуваат одговорноста за одржувањето на високото ниво на демократијата што е еден од најважните Копенхашки критериуми. Затоа ја поттикнувам опозицијата да се врати во Парламентот и да започне дијалогот. Тоа е неопходно за земјата, за граѓаните и за вашиот пат кон ЕУ, изјави Јиржи Бузек.

Според естонскиот европратеник Келам, Македонија е добро подготвена и направи одлични работи во процесот за пристапување кон ЕУ. Посочувајќи на естонското искуство на патот кон ЕУ, рече дека она што и помогнало на земјата да ја оствари својата национална цел е силно изграденото национално чувство за единство.

- Мора да испратите една убедлива порака дека постои такво национално единство за да ја постигнете целта за интегрирање во ЕУ. Внатрешно-политичките проблеми не смеат да претставуваат пречка на патот на вашата земја кон ЕУ. Јас сметам дека Македонија е подготвена да почне преговори. Одлагањата што се случуваат неколкупати не секогаш се поради ваши активности. Тука сме за да го забрзаме тој процес на почеток на преговори. Како што веќе истакна Европскиот парламент прашањето за името не смее да биде пречка за да се започнат преговорите за членство. Она што е битно да го демонстрирате сега е внатрешно единство. Парламентот е местото каде што треба да се дебатира, каде што треба да се разговара. Кога некој одбива да учествува во таква дебата тоа не е убава слика. Треба да застанете сите единствени зад националните цели. Со своите резултати што ги постигнавме ја заслуживте почитта и почетокот на преговорите. Членството во ЕУ на Македонија е наша заедничка цел, рече Келам.

Евроратеникот Токеш, пак, покажа и писмо од Жозеп Дол, лидерот на групата на ЕПП во Европарламентот со порака до опозицијата да се врати во Парламентот и да се вклучи во политичката дебата, бидејќи Парламентот е местото каде што треба да се води дијалогот. - Ние како претставници од поранешни комунистички земји знаеме дека само во диктатура нема дијалог во Парламентот и задоволство ни е што со оваа наша посета можеме да дадеме наш придонес кон решавањето на проблемот.

Миколашик, пак, покрај импресионираноста од напорите на Владата во евроинтеграциите, изрази разочараност од фактот што Грција ја држи земјата во заложништво во тој процес.

- Кога стануваше збор за пристапувањето на Словачка, Австрија единствена забелешка имаше во однос на нашата нуклеарна програма, но тоа се реши и заедно со нашите пријатели од Чешка и Унгарија се приклучивме во ЕУ во 2004 година. Тоа е рецептот за добрососедски односи и ова би бил мој совет и до Грција и ја поттикнувам Грција повеќе да не ве кочи, Миколашик.

Запрашан за случувањата во македонскиот Парламент од 24 декември и отстранувањето на опозицијата, Бузек рече дека не може да коментира оти не е запознат со деталите, но оти и самиот имал искуство во два навратa како претседател на Европарламентот во период од 2,5 години, да отстрани пратеник од седница поради недемократско однесување.

- Тоа не беше лесна одлука. Меѓутоа над 80 проценти од моите колеги ме поддржаа. Парламентот е место каде што е потребно демократично однесување, тоа не е пазар иако на пазар има правила за добро однесување, рече Бузек.

На новинарско прашање за тоа дали е можно ограничување на дебатите во Парламентот, се повика на неговото искуство како европратеник каде времетраењето на дебатите е ограничено.

- Важно е во Парламентот секој да го каже она што сака. Дискусиите во Европарламентот се ограничени на две минути. Ограничување на дискусиите има и според правилниците на националните парламенти и може да се ограничи на 5-10 минути. Во ЕП три часа дискусија се дели според големината на пратеничките групи, рече европарламентарецот Бузек.

Групата европратеници доаѓаат од поранешните социјалистички земји од Централна и Источна Европа и се во посета на Македонија на покана од шефот на дипломатијата Попоски. Тој посочи оти на средбата ги информирал гостите за досегашните постигнувања во процесот на евроинтеграциите, како и за претстојните активности во насока на исполнување на барањата на ЕК спроти пролетниот извештај за земјата.

За десетина дена Европарламентот треба да расправа за новата Предлог резолуција за Македонија поднесена од известувачот Ричард Ховит, кој неделава, исто така, доаѓа во посета на Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...