СДСМ не оди на избори, ќе ги вратиме мандатите

Скопје, 13 февруари 2013 (МИА) - СДСМ и коалицијата „Сојуз за иднината“ нема да учествуваат на локалните избори и ќе ги вратат мандатите, изјави денеска  потпретседателот на партијата Гордан Георгиев.  

- Нема ништо ново. Нашиот став што е одамна познат и го повторуваме, останува. Со оглед на тоа дека нема ништо ново и од страна на ВМРО-ДПМНЕ и од страна на премиерот, СДСМ и Сојузот за иднината остануваат на тоа дека нема да учествуваат на локалните избори и ние ќе ги вратиме мандатите, изјави Георгиев.

Според него, СДСМ ќе ги врати мандатите кога ќе истечат сите рокови и можности за постигнување политички договор за избегнување понатамошно продлабочување на кризата и за тоа ќе ја извести јавноста. Пратениците на СДСМ веќе ги потпишале оставките и тие, како што рече Георгиев, се депонирани во партијата, а ќе бидат приложени кога тие ќе одлучат.

За предложените пакет мерки за излез и надминување на политичката криза, според Георгиев не значат ништо ако нема договор за предвремени парламентарни избори.

Околу посетата на Стефано Санино, директор на Директоратот за проширување на ЕК, Георгиев потврди дека имало средба, но за информации упати на седиштето на Европската комисија во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се фали Трпе пред другарите:
- Јас жена ми никогаш не ја тепам. Само ќе ја турнам по скали, а она сама нека се удира кај што сака!
Мујо и Хасо украле хиликоптер од СФОР. По...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
1521.- На филипинскиот остров Макатан домородците...
1791.- Роден е Самјуел Морзе, американски...
1830.- Јужноамериканскиот револуционер Симон...
1905.- Кај месноста Свиланово, во близина на...