Поднесена кандидатура на независен кандидат за градоначалник на КумановоКуманово, 13 февруари 2013 (МИА) - Независниот кандидат за градоначалник на Куманово, Виктор Цветковски од граѓанско политичката опција „Кога ако не сега“ и кандидатите за советници предводени од Драги Караџински денеска до општинската изборна комисија поднесоа кандидатури за престојните локални избори.
- Се надеваме дека државните изборни органи ќе спроведат слободни, фер и демократски избори. Како независни кандидати се залагаме за овие принципи, така што и целата кампања ќе биде позитивна, презентирајќи им ги на граѓаните проектите од нашата изборна програма, изјави Цветковски.
Тој истакна дека ќе ја презентираат програмата согласно законските рокови по 4 март и оти лично сакал и СДСМ да биде дел од овие избори за граѓаните да имаат можност да бираат.
Од Општинската изборна комисија потврдуваат дека денеска ја примиле првата кандидатура за градоначалник и листа на советници на општина Куманово.
|