Ховит на средби во Парламентот

Скопје, 14 февруари 2013 (МИА) - Известувачот за Македонија во ЕП Ричард Ховит, кој ја предводи делегацијата на Поткомитетот за човекови права во Европскиот Парламент, денеска имаше средба со претседателот на Собранието Трајко Вељаноски и со членовите на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот. Ховит и неговите колеги ја посетија пленарната сала каде се случија дел од настаните на 24 декември, иако европратеникот нагласи дека неговата примарна цел не се овие настани кои, како што рече, фрлаат сенка на Парламентот.  

- Бев во Парламентот и покрај фактот што една од партиите не е овде. Важно е што бев во просториите каде што се случиле настаните на 24 декември. Ситуацијата е многу сериозна и тешка за земјата и за иднината на земјата во Европа. Но за тоа ќе кажам многу повеќе утре, прво ќе се сретнам со претставници на сите партии, изјави европратеникот Ховит по посетата на салата за седници во Парламентот.

Претходно на средбата со Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот тој побара од пратениците да реферираат за работата на ова тело и да зборуваат за состојбата со човековите права во земјата, и рече дека тој своите ставови ќе ги изнесе на утрешната прес-конференција.

Координаторката на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Силвана Бонева ја повика опозицијата да се врати во Парламентот и за настаните од 24 декември да се расправа токму на Постојаната анкетна комисија за слободите и правата на граѓанинот.

- Еден од главните предизвици пред нас во периодот што доаѓа треба да биде разгледување на прашањата поврзани со човековите слободи и права и кршењето на Уставот на Република Македонија, кој што е основ за напуштање на неколку политички партии од опозицијата на Собранието. И ние како владејачко мнозинство сметаме дека беше оневозможено нашето право како пратеници да ги претставуваме нашите гласачи да дојдеме до нашите работни места, да ни се отвори салата да влеземе во пленарната сала, не се дозволуваше да почне работата на Законодавно-правната комисија..., изјави Бонева. 

Смета дека е потребна дебата за да се расчистат проблемите. - Штетата што се прави со девалвирање на  институциите на Македонија е огромна. Ние сакаме опозицијата под итно да се врати во Собранието, раката е подадена. Сакаме надминување на тензиите кои се прелејаа на улиците, рече таа. Бонева исто така ја поддржа и иницијативата на претседателот Ѓорги Иванов за формирање комисија, кој би можела да ги утврди фактите.

Сузана Салиу од ДУИ изрази жалење што опозицијата не е во Парламентот и оти декемвриските настани фрлиле сенка на Собранието. Во однос на почитувањето на човековите права и слободи, смета дека граѓаните треба повторно да стекнат доверба во судовите. Реформите во судството се во тек, а за нас, според неа, можеби е назначувањето на судиите, неспроведувањето на законите и нефункционирањето на институциите.

Ховит ја праша пратеничката Лилјана Кузмановска од ВМРО-ДПМНЕ, која е нејзината критика за човековите права во Македонија. Кузмановска, рече дека иако е познат ставот на нејзината демохристијанска партија, сепак треба да се отвори дискусија за лицата од ЛГБТ заедницата, за индивидуализираните лица, како и за женските прашања.

За Беким Фазлиу од ДПА, граѓаните најмногу имаат поплаки за судството, а тој го критикуваше и начинот на кој МВР се справила со акцијата за случајот „Монструм“ и судската постапка за него.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...