Тројца нови министри во владата на Груевски

Скопје, 18 февруари 2013 (МИА) - Собранието на Република Македонија денеска ги избра Фатмир Бесими за министер без ресор кој ќе биде задолжен за евроинтеграциите, a Талат Џафери и Тахир Хани за нови министри за одбрана односно за локална самоуправа. За Џафери гласаа 65, а за Бесими и за Хани 64 пратеници.

Досегашниот вицепремиер за евроинтеграции Теута Арифи и министерот за локална самоуправа Невзат Бејта, поднесоа оставки на нивнита функции по нивната кандидатура за градоначалници на претстојните локални избори.

Со изборот за министер на Талат Џафери му завршува мандатот како пратеник во Собранието. На негово место треба да дојде следниот кандидат од листата на ДУИ од последните парламентрани избори.

Претседателот на Владата на Република Македонија, Груевски, на денешната седница врз основа на неговите ингеренции, како што рече, ги предложи тројцата нови министри и очекува тие успешно да ја спроведуваат владината програма.

- Сметам дека врз основа на нивното образование и досегашно работно и професионално искуство овие предлози за нови министри ќе можат успешно да ја спроведат програмата на Владата 2011-2015 година, а со тоа и успешно да ја извршуваат функцијата министри во Владата, рече Груевски.

По предлог на премиерот Груевски, пратениците попладнево позитивно се изјаснија и за предложените кандидати за заменици министри за внатрешни работи, за транспорт и врски, и за финансии - Земри Ќамили, Џељаљ Бајрами и Ардиан Џеладини.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...