Средба Аврамопулос - Бан Ки Мун за името на Македонија

Атина, 21 февруари 2013 (МИА) – Грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос денеска во Њујорк ќе се сретне со генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун со кого, меѓу другото, ќе разговара и за прашањето за името на Македонија.

Покрај текот на преговорите за името, тема на разговорите ќе биде и кипарското прашање по претседателските избори на Кипар, чиј втор круг ќе се одржи во недела, како и прашања поврзани со стабилноста и безбедноста во поширокиот регион на Југоисточна Европа, на Блискиот Исток и во Северна Африка.

Дипломатски извори за грчките медиуми изјавиле дека средбата во Њујорк се одржува во чувствителен период за двајцата дипломати, поради кризата во медитеранскиот регион и ситуацијата во Сирија.

Средбата на Аврамопулос со Бан Ки Мун се одржува нецел месец по последната рунда разговори на медијаторот Метју Нимиц со претставниците на Македонија и Грција, Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис во Њујорк. По тој состанок, медијаторот најави нови средби со преговарачите кои би требало да се одржат во март.

Шефот на грчката дипломатија во Њујорк ќе се сретне и со грчки иселеници и бизнисмени, а потоа заминува во официјална посета на Канада.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...