Аврамопулос го информирал Бан Ки Мун за преговорите за името

Њујорк, 22 февруари 2013 (МИА) - Грција презеде значајни иницијативи во контекст на напорите за решавање на прашањето за името, како што е нашиот предлог за потпишување на меморандум за разбирање со Скопје, но не видовме одговор од другата страна, изјави грчкиот министер за надворешни работи Димитрис Аврамопулос по средбата со генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун во Њујорк.

- Се надеваме, и го мислиме тоа, дека во соседната земја наскоро ќе се создадат услови кои ќе доведат до поконструктивен став од страна на властите, рече Аврамопулос.

Шефот на грчката дипломатија соопшти дека го информирал Бан Ки Мун за напредокот во преговорите за прашањето за името и позициите на Грција, при што ја нагласил „силната посветеност на земјата да се направи напредок во напорите што ги вложува медијаторот Метју Нимиц во изминатите 20 години, кого Грција целосно го поддржува“ .
Канцеларијата на генералниот секретар на ОН по средбата со Аврамопулос издаде кусо соопштение во кое се вели дека двајцата размениле мислења за состојбите во источниот Медитеран и се фокусирале на можностите за обновување на преговорите за изнаоѓање сеопфатно решение во Кипар и за решавање на грчко-македонскиот спор за „името“.

„Генералниот секретар ја истакна важноста од забрзување на напредокот во двата процеси и ја повтори неговата лична посветеност за  таа цел“, се вели во соопштението од ОН.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...