Доживотна казна затвор за полицаецот Трифуновски

Полицаецот Јаким Трифуновски е осуден на доживотен затвор откако Кривичниот совет на Основниот суд во Гостивар го прогласи за виновен за двојното убиство што се случи лани на паркинг во градот.

На досегашните рочиште во доказната постапка беа изведени доказите на вештите лица психијатари и психолози. Тие ги потврдија своите искази дека обвинетиот Трифуновски не боледувал и дека делото го сторил при покачена афектна состојба.

Во претходните рочишта, пак, обвинетиот во својата одбрана кажа дека пукал во двајцата сограѓани за да го заштити својот и животот на својата ќерка, откако бил нападнат зашто е полицаец. Верзијата на сведоците се базира на тоа дека Трифуновски по куса расправија пукал во покојните кога тие веќе биле раздвоени и се оддалечувале.

Убиството се случи на 28 февруари на улицата Кеј Вардар во Гостивар, кога Трифуноски, кој не бил на работа, со службениот пиштол ги застрелал Бесник Шехапи и Имран Мегди.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...