ВИДЕО: Груевски во Кичево

Остануваме посветени на Кичево, Кичево е Македонија

Кичево, 26 март 2013 (МИА) -  Премиерот Никола Груевски денеска го посети Кичево со цел да разговара со граѓаните за новонастанатата состојба и да се сретне со досегашниот градоначалник Благоја Деспотовски, кој не успеа да добие нов мандат. 

Деспотовски беше кандидиран за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ, а поддржан од СДСМ. Градоначалничкото место во првиот круг го освои Фатмир Дехари од ДУИ, поддржан и од ДПА.

- Го разбирам гневот и револтот кај луѓето затоа што тој е и мој гнев и мој револт. Тие имаат проблеми сега, имаат предизвици, а тоа се и мои предизвици и мои проблеми и затоа сум тука, изјави Груевски.

Јас, како што нагласи, не бегам од народот.

- Дојдов тука во Кичево за разлика од некои други што ги немаше ни претходно ни сега и за разлика од некои кои сакат да создадат раздор да исполитизираат. Јас сум тука и ќе дојдам повторно, нагласи Груевски.

Владата, додаде тој, и понатаму ќе продолжи да работи за Кичево, да прави се што може да им помогне на кичевци.

- Ние остануваме за Кичево, Кичево е Република Македонија и ќе остане Република Македонија, а Владата во иднина ќе ги утростручи напорите да им помага на овие луѓе тука, да има повеќе работни места, изградба и инвестиции во Кичево со цел граѓаните да го добијат тоа што го заслужуваат, а тоа е поквалитетен живот. Кичевци заслужуваат поквалитетен живот и ние сме тука како Влада и остануваме зад Кичево да се бориме да им помогнеме да се развива градот и да оди напред, изјави Груевски.

Премиерот рече дека ќе направат се што е во нивна надлежност.

- Како што  направивме на овие избори на кои излегоа 99 проценти од луѓето кои го поддржуваа кандидатот  на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ така ќе продолжиме со сите сили да работиме и во иднина да им помогнеме на кичевци. Кичево нема да биде оставено, рече Груевски.

Ситуацијата, според него, е создадена во 2004 година кога се споија пет општини во кои Албанци има околу 28 илјади, а Македонци околу 16 илјади.

 



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...