Филе во Македонија за финализирање на пролетниот извештај

Скопје, 9 април 2013 (МИА) - Еврокомесарот за проширување Штефан Филе денеска доаѓа во посета на Република Македонија на средби со државниот врв за финализирање на пролетниот извештај за земјата.

Предвидено е Филе, кој ќе биде придружуван од директорот на Директоратот за проширување при ЕК Стефано Санино, да се сретне со премиерот Никола Груевски и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а ќе се обрати и пред членовите на Националниот совет за евроинтеграции.  

Покрај прогресот постигнат во петте приоритетни области наведени во декемврискиот извештај од Европскиот совет, кои се дел од пристапниот дијалог на високо ниво, тема на средбите со македонските владини претставници ќе биде и политичкиот дијалог, како и локалните избори со оглед дека се следат, како што вели, под лупа од земјите членки на Унијата, а за што многу е важно земјата да добие позитивна оценка.

Се очекува од ЕК да биде нотирано надминувањето на политичките недоразбирања меѓу власта и опозицијата што следеше по настаните во Собранието од 24 декември, како и формирањето на Експертската комисија која треба да помогне тие да се расветлат.  

Македонската страна, како што изјави пред неколку дена вицепремиерот за евроинтеграции Бесими, очекува ЕК да подготви кредибилен и објективен извештај за процесот на реформите во областа на судството, владеење на правото, за реформите во јавната администрација, слободата на медиумите, спроведувањето на Охридскиот договор и функционална пазарна економија.

МНР треба да подготви извештај во однос на делот на обврските за прогресот во добрососедските односи и разговорите за името.

- Тука очекуваме да се нотираат бројните иницијативи и средби што ги имаше Владата на различно ниво - од премиерско до државни институции и одредени агенции и директорати и со Бугарија и со Грција, што ќе покаже колку сме активни во тој дел, рече Бесими.   

Пролетниот извештај за Македонија ЕК треба да го презентира на 16 април...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Решиле Мујо и Хасо да бегаат преку граница. Заклале една крава, ја одрале
и влегле во нејзината кожа - Мујо напред, а Хасо пазади. На граничарите им била сомнителпа кравата и...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1821.- На островот Света Елена умре Наполеон...
1883.- Во Чуруг, Бачка, роден е Петар Коњовиќ,...
1907.- Во Охрид е роден Петре Пирузе - Мајски,...
1936.- Трупите на фашистичка Италија под команда...