Официјална Атина не ги демантира шпекулациите за предлогот на Нимиц

Атина, 11 април 2013 (МИА) - Грчката Влада ниту ги потврдува ниту ги демантира извештаите во медиумите за тоа кој е всушност последниот предлог на медијаторот Метју Нимиц, јави дописникот на МИА од Атина.

Ова денеска го изјави портпаролот на грчкото МНР Григорис Делавекурас, што е новост затоа што досега тој секогаш остро демантираше се што се пишува во медиумите.

Во однос на шпекулациите за тоа каде ќе стои георгафската одредница, тој рече дека работен јазик на преговорите во Обединетите Нации е англиски така што и идеите и предлозите на Нимиц се презентираат на англиски.

Спорд него, последната средба во Њујорк е уште еден чекор во преговарачкиот процес, кој е со цел да ги доближи двете страни за тие да можат за дојдат до взаемно прифатливо решение.

Грчкиот преговарач Василакис денеска се враќа во Атина каде ќе го извести Министерството за последните разговори и предлози на Нимиц.

На новинарско прашање дали Аврамопулос размислува да ја прифати поканата на шефот на македонската дипломатија Никола Попоски за учество на министерската средба во Охрид, Делавекурас рече дека не знае затоа што програмата на министерот за мај се уште не е готова.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...