Mission (Im)possible за СДСМ - Црвенковски заминува, каде сега?

Најголемата опозициска партија СДСМ е на голем крстопат, сигурно најголем во нивната досегашна историја. Тие се во фаза за која ретко кој веруваше дека е можно да се случи на овој начин - ќе избираат нов партиски лидер.

Досегашниот лидер и „иконата“ на партијата Бранко Црвенковски на Централен одбор им соопштил на членовите дека нема да се кандидира на претстојниот партиски конгрес закажан за 2 јуни.

Дали политичкиот лисец има нов џокер во ракавот, или тој навистина донесе одлука да се повлече од „своето чедо“? Она што секој социјалдемократ мора и треба да го знае е дека на СДСМ и треба промена од корен, промена која ќе донесе нова крв во партијата, потребни се измени и во Статутот на партијата, нова свежина во идеите и односот кој членовите, но и граѓаните воопшто, оние граѓани кои „беа во право и кога грешеа“. Дали тоа може да го понуди некој од четирите видни членови на СДСМ кои веќе ги официјализираа своите кандидатури? Тоа во овој момент е тешко да се каже, но едно е јасно - сите тие: Зоран Заев, Зоран Јовановски, Игор Ивановски и Кире Наумовски се директни соработници на Црвенковски, луѓе кои растеле под неговата сенка и тешко дека тука ќе има некој голем исчекор во поглед на средување на односите внатре во партијата. Целата структура во општинските организации ширум државата е поставувана и селектирана од досегашниот највисок врв на партијата. Она што сега се нуди како „нов избор“ беше значаен дел од таа структура и тешко дека на овој начин „со подгревање на сармата“ ќе може да се направи некој сериозен исчекор напред.

Зоран Заев единствен отиде чекор понатаму и понуди нов концепт, односно пакет со Шеќеринска, која би била негов заменик.

- Нудам свој концепт и визија заедно со кадровското решение кое ќе биде ставено на маса, а тоа е Радмила Шеќеринска, како мој заменик. Нашата идеја е да понудиме економски решенија и визија за нашата земја, кои тесно би биле врзани и со надворешната политика. Наша интенција е да понудиме алтернатива на живеење со која ќе го свртиме вниманието прво на партијата, а потоа, се разбира на нашите граѓани, од она денес што го имаат со оваа власт, изјави Заев образложувајќи ја кандидатурата.

Тој во моментов е можеби и единствената „Златна кокошка“ за СДСМ и човек кој е сигурен фикс (покрај Куманово), затоа што Центар е сепак на ЛПД и покрај јавно изјавената љубов деновиве дека „са твога пута нема да скренемо“. Таму се можни чуда, доколку новите ветришта во СДСМ не го донесат вистинскиот курс за опозицијата.

Големи промени во партијата најави и Игор Ивановски, човекот кој важеше за еден од најблиските соработници на Црвенковски:

- По заминувањето на најсилното персонално решение од СДСМ, Црвенковски, за партијата ќе биде погрешно претстојниот конгрес да се сфати само како можност за персонални промени и голи и нефункционални кадровски комбинаторики. Останувам принципиелен на мојот став дека на СДСМ му треба темелна, модерна и оперативно-организациона промена, порача Ивановски.

Mission (Im)possible за СДСМ - Црвенковски заминува или?

Сепак да почекаме до 2. јуни...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...