Денес е Велики Четврток, првото црвено јајце има голема моќ

Православните христијани денес го слават Велики Четврток со што ќе отпочнат и Велигденските празници.

Првите три јајца, кои домаќинките ги извапцаа утрово, односно пред изгрејсонце за да не ги види сонцето, според верувањата не се расипуваат со години.

Старите адети кажуваат дека в зори на Велики Четврток треба да се вапса барем едно црвено јајце.

Првото вапсано јајце му се наменува на Господ и се нарекува Господово јајце. Второто е за домаќинот на семејството. Третото за бериќет и за стоката.

За првото јајце се верува дека има магична моќ, па затоа неговото место е под иконата. Во народните преданија се вели дека со него се лекуваат одредени болести.

Обичаите велат дека домаќинката не треба да биде гладна кога започнува со вапсувањето на јајцата. Треба да касне макар еден залак леб, зашто, наводно, доколку вапсува на празен стомак, таквите јајца не носат радост, туку би можело оној што ги вапсува да биде несреќен и болен.

Сепак и во вапсувањето јајца, како и во сите други нешта што се работат, секогаш е најважна добрата мисла. Така, штом излезат првите сончеви зраци на Велики четврток, домаќинката или кој било што ги вапсува јајцата ги буди најблиските и со првото јајце им поминува по лицата изговарајќи ги три пати зборовите: “црвено, бело, дебело“!

Инаку, вапсувањето на јајцата за Велигден е еден од најасоцијативните обичаи за самиот празник, што, всушност, претставува симбол на животот и на раѓањето.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта. Црвената боја ја претставува божјата сила и моќ, а воедно ја симболизира и христовата крв, која Исус ја пролеал на крстот за спасение на сите луѓе на земјава. Така, бојата на јајцето не потсетува на крвта христова и спасението.

Црвените јајца во христијанството се симбол на воскресението Христово и на самиот празник Велигден. Формата го претставува гробот на Христос, како што од јајцето излегува живот кога ќе се испили, така од гробот излегол Исус Христос.

Оваа црковна традиција потекнува од првиот век по Христа, односно тоа се практикувало уште во времето на светите апостоли - христови ученици и нивните наследници. За тоа сведочи Светото предание.

Велигденското јајце е старо колку и Христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение. Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со поздравот Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!

Тој обичај, според преданието, потекнува од чинот на Марија Магдалена, која по Христовото страдање тргнала во Рим за да го проповеда евангелието. Кога излегла пред царот Тибериј, му подала црвено јајце и рекла: “Христос воскресе“. Оттогаш, спроти Велигден, христијаните ги бојат јајцата и со тоа го одбележуваат Христовото воскреснување.

За Велики петок, денот на страдањата и смртта на Исус Христос, црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење, освен за немоќните и старите.

Веста за воскресението в сабота на полноќ ќе ја објават свештениците и архиереите на богослужбите во сите цркви и манастири на Македонската православна црква како и сите православни цркви во светот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот

Две плавуши прават муабет за култура.
- Си го гледала оној филмот ТИТАНИК?
- Да, да , и тоа три пати.
- А која сцена ти остави највеќе впечаток.
- Онаа кога беа на бродот.
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен....
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на дрвјата
- Денеска е Светски ден на интелектуалната...
121.- Роден е Марко Аврелиј, римски цар...
1452.- Роден е италијанскиот сликар, вајар,...