Предлог-законот за абортус на пленарна седница

Скопје, 10 јуни 2013 (МИА) - Нема никакви ограничувања на правото на жената со Предлогот на закон за прекинување бременост. Тој е насочен кон заштита и грижа за здравјето на жените и нивното репродуктивно и психичко здравје, рече пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Сузана Анова на почетокот на собраниската расправа од донесувањето на законот по скратена постапка.

- Единствените новини кои се во полза на жените се задолжителното советување за можните ризици, бидејќи абортусот како и секоја хируршка процедура е придружен со поголем број компликации, како инфекции, траен стерилитет, РХ-сензибилизација, трајно отстранување на матката и несакани последици како смрт. Во стариот закон лекарот имаше можност, но не и обврска да ја предупреди жената за несаканите последици во случај на прекин на бременост. Но во новиот закон постои одредба во интерес на сите жени што ќе решат да ја прекинат бременоста дека е задолжително советување од лекарот кој ќе и ги посочи сите несакани последици. Сето тоа е во насока жената да знае и да биде информирана за се што се случува со неа и со нејзиното здравје, рече Анова. Додаде и дека со новиот закон ќе се засилат контролите во установите кои вршат такви интервенции, со што и гинеколозите ќе имаат одговорност.

Пратеничките од ВМРО-ДПМНЕ поднесоа амнадмани, рече Анова, со кои се отстранети и најмалите сомнежи дека би било ограничено правото  на жената за слободен избор ако реши да ја прекине бременоста.

- Жал ми е што колегите од опозицијата денеска не се тука, особено жените-пратеници од СДСМ. Со нивното неприсуство и неучество во дебатата, тие само  потврдија дека нивните заложби за кој било закон се подигнување тензија и дезинформирање на јавноста, а во овој случај на жените - дека законот е рестриктивен и ги крати нивните права. Ја загубија можноста да ги соочат нивните аргументи, а оправдани аргументи немаат, рече Анова.

Драгиша Милетиќ од Српската напредна странка го поддржа новиот закон затоа што едуцирал.

- Не го сфаќам како тероризирање на жената, туку како едуцирање на жената какви последици ја чекаат ако не биде добро информирана, рече Милетиќ.

Наспроти него, пратеникот Ивон Величковски од Либералната партија, единствена опозициска присутна на  расправата, рече дека со законот жените се третираат како расплодни објекти.

- Лекарите се водат од светата обврска што ја преземаат, од Хипократовата заповед, а за разлика од нив, вие очигледно се водите од Хипокритовата заклетва. Ова што денеска го правите е хипокризија. Не сакате да кажете дека стариот закон нудеше и создаваше обврска за едукација на жената во сите средини, особено во руралните. А сега мора да интервенирате за да се воведат образовни и информативни содржини во тие средини. Враќате назад нешто што постоело, рече Величковски.

Седницата ќе продолжи по едночасовната редовна пауза, кога ќе биде гласањето на двата претходни предлога за кои е исцрпена расправата -  Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за земјоделско земјиште и Предлог-закон за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, и двата во скратена постапка.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...