Во Њујорк одбележана 20 - годишнината од приемот на Македонија во ОН

Скопје, 11 јуни 2013 (МИА) - Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски синоќа во Њујорк учествуваше на заедничкото одбележување по повод дваесет години од приемот во Обединетите нации на Република Македонија, Чешката Република, Словачка, Андора и Монако.

Во обраќањето, министерот Попоски, соопшти МНР, рече дека приемот на Република Македонија во Обединетите нации е еден од позначајните датуми во поновата македонска историја со кој се потврди суверенитетот и државноста на Македонија, како и желбата на македонскиот народ изразена на референдум, за создавање на сопствената иднина.

Истакнувајќи дека Македонија целосно ги почитува принципите од Повелбата на ОН, министерот Попоски рече дека очекуваме ист таков однос кон почитувањето на нашите права како држава, во согласност со принципите на правдата и меѓународното право.

На приемот поздравни обраќања имаа и генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки Мун, потпретседателот на Владата на Словачката Република и министер за надворешни работи Мирослав Лајчак, министрите за надворешни работи на Андора и Монако, Жилбер Сабоја и Хосе Бадија и заменик министерот за надворешни работи на Чешката Република Владимир Гаушка.

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун им честиташе на сите земји за постигнатиот јубилеј и го поздрави значајниот придонес на владите и народите на секоја од земјите. Тој притоа им посака уште многу успешни јубилеи и натамошен придонес во системот на Обединетите нации и мирот и безбедноста на глобално ниво.

Говорејќи за Република Македонија, Бан Ки Мун  истакна дека значајна е нејзината улога како фактор на стабилност во регионот, што беше евидентно и преку успешното неодамнешно претседавање на нашата земја со Процесот за соработка на Југоисточна Европа.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Си имал Мујо пит бул, а Хасо волчјак. Се здавиле кучињата и пит булот го изел волчјакот. Отишол Хасо и купил дога. Пак се степале кучињата и пак пит булот победил. Хасо отишол по...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1532.- Шпанскиот освојувач Франциско Писаро со...
1703.- Умре францускиот писател Шарл Перо, автор...
1703.- На брегот на Балтичкото Море поставени се...
1812.- Во Букурешт почнаа преговорите со кои...