Иванов побара поддршка за евроинтеграцискиот процес

Братислава, 13 јуни 2013 (МИА) – Претседателот Ѓорѓе Иванов побара поддршка за евроинтграцијата на Македонија на средбите што ги имаше денеска на маргините на Самитот на шефови на држави од Централна Европа, што вчера и денеска се одржа во Братислава.

На средбата со словенечкиот претседател Борут Пахор, претседателот Иванов изразил очекување дека Словенија, како и досега, ќе го поддржи добивањето датум за преговори и да го афирмира на Европскиот совет принципот на паралелено движење кој оваа земја го примени кон Хрватска и даде резултати.

На средбата биле потврдени добрите билатерални односи и е договорена возвратна официјална посета на Пахор на Македонија наредниот месец.

Централна тема евроинтеграциите на Македонија била и на средбата со литванската претседателка Далија Грабаускајте. На средбата Иванов побарал од европските лидери она што одамна е заслужено да биде добиено на претстојниот самит и еднакво да бидат применети принципите на паралелено движење и ја информирал дека статус кво состојбата не носи ништо добро за регионот.

Со својот украински колега Виктор Јанукович, е констатирано дека Македонија и Украина имаат традиционално одлични  билатерални односи и соработка и разбирање. Биле истакнати заложби за продолжување на поддршката на мултилатерален план.

Јанукович и Иванов договориле посети на највисоко ниво на што треба да претходи средба на Македонско-украинската комисија за трговско-економска соработка и Мешовитиот комитет за имплементација на Спогодата за слободна трговија со цел посетите да се подготват и да се конкретизира соработката.

Јанукович ја поздравил посветеноста на македонскиот претседател кон јакнење на соработката и односи со Украина.

Претседателот Иванов на маргините на Самитот во Братислава, кој заврши денеска, оствари билатерални средби и со црногорскиот, полскиот и молдавскиот претсдател.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...