Приведени 15-тина лица меѓу кои и полицајци

Скопје, 11 јули 2013 (МИА) – Во полициска акција во западна Македонија, која се уште тече, досега се лишени од слобода 15–тина лица, од кои неколку полициски службеници, а двајца од нив командири, кои нелегално криумчареле добиток од Македонија за Албанија.

Како што информира денеска портпаролот на МВР, Иво Котевски лицата се приведени на подрачјето на Дебар, Струга и Кичево, а се работи за подолгорочна истрага за криминал кој бил вршен од 2011 година наваму.

- Досега МВР има документирано околу 2.000 грла кои што биле незакноски изнесени од Македонија и внесени во Албанија. Се претпоставува дека лицата оствариле противправна имотна корист од неколку милиони евра, изјави Котевски, додавајќи оти се трага и по други лица за кои постои докази дека биле членови на оваа група.

Тој појасни дека станува збор за поголема група лица, составена и од македонски и од албански државјани.

Извршени се претреси во повеќе домови, при што се пронајдени пари, оружје и муниција.

Повеќе информации од МВР за акцијата најавија за утре на прес – конференција.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1856.- Во Фрајберг е роден Сигмунд Фројд,...
1889.- Во Париз официјално е отворена Ајфеловата...
1992.- Во Париз умре Марлен Дитрих (вистинското...
1993.- Умре Велко Силјаноски, редовен професор...