Во Грција голем интерес за средбата Иванов-Пахор

Атина, 17 јули 2013 (МИА) – Словенечкиот претседател Борут Пахор ја повика Македонија да преземе иницијатива за прашањето за името која нема да ги остави рамнодушни претставниците на ЕУ и меѓународната заедница, јавуваат денеска грчките медиуми.

Во Грција владее голем интерес за средбата на македонскиот претседател Ѓорѓе Иванов со неговиот словенечки колега Борут Пахор, и воглавно се истакнува изјавата на Пахор дека во процесот на проширување, поголеми можности за влез во ЕУ ќе имаат државите кои сами ќе се обидат да ги средат односите со соседите.

Провладиниот „Катимерини“ ја пренесува и изјавата на Иванов дека „неговата земја се соочува со ситуација во која нема соговорник“.

- Сите наши иницијативи се отфрлаат, не се прифаќаат, а ние сакаме решение, сакаме да седнеме и да разговараме, ја пренесуваат грчките медиуми изјавата на македонскиот претседател и додаваат дека тој истакнал оти „неговата земја не добила одговор од грчка страна на поканите за средби на високо ниво“. Иванов подвлече и дека неговата земја очекува ЕУ да покаже поголем интерес за решавање на прашањето за името, исто како и за решавање на односите меѓу Србија и Косово, додава  „Катимерини“.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...