Грција не е заинтересирана за решавање на спорот со името

Скопје, 23 јули 2013 (МИА) - Грција има други приоритети и сега не е заинтересирана за решавање на спорот со името, изјави министерот за надворешни работи Никола Попоски. За тоа дали има некаков нов развој во спорот со името, во разговор за Радио Слободна Европа, Попоски вели дека Македонија се обиде да внесе некаква динамика во процесот и е заинтересирана за тоа што ќе слушне од Атина.  

- Всушност, ние во моментов повеќе сме заинтересирани што ќе слушнеме од Атина, бидејќи Атина е причината што ние не можеме да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ веќе неколку години, и покрај позитивните препораки. Ние се обидовме да внесеме некаква динамика во тој процес, кој се одвива под покровителство на господин Нимиц. Очекуваме  да го подигнеме нивото, да се вклучат премиерите на двете земји, поголема политичка посветеност и Македонија веќе да не биде држена како заложник во евро-итеграцискиот процес на регионот, изјави министерот Попоски.

Министерот Попоски додава дека засега нема никаков сигнал од Грција ниту во врска со прашањето за името, ниту пак во врска со почетокот на преговорите за членство на Македонија во ЕУ. За евентуалните притисоци од американските и од европските партнери за забрзување на преговорите и за поскоро надминување на спорот Попоски нагласува Македонија не може да направи чекор напред без да има чекор од Атина, а притисок врз неа е само декларативен.

- Ние не можеме да направиме чекор напред без да има чекор од Атина во оваа фаза. Притисокот е само врз Македонија, бидејќи е мала земја и е надвор од НАТО и ЕУ, а притисокот врз Грција е само преку коминикеа, и декларативен и затоа тие имаат комфорна ситуација во овој момент. На Грција приоритет и е економската криза и владата има други поважни работи, па не е заинтересирана, ниту мотивирана да се занимава со прашањето за името, вели министерот за надворешни работи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...