Во Македонија регистриран случај на западно-нилска треска

Скопје, 23 јули 2013 (МИА) - Во Македонија е регистриран прв случај на западно-нилска треска, кој е потврден и лабараториски. Со овој вирус е заразена  57-годишна жена, која не патувала надвор од Македонија. Таа е во добра општа здравствена состојба и ја прима потребната тераприја, соопштија од Министерството за здравство.

- Институтот за јавно здравје вчера го информираше Министерството за здравство за лабораториска потврда на прв случај на западно-нилска треска во државата. Се работи за пациентката на возраст од 57 години, која не патувала надвор од државата, а симптомите на болеста започнале со висока температура и силни главоболки. Лекувана е кај матичен лекар, по што била упатена и хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје. Во моментов, пациентката е во добра општа состојба и ја прима потребната терапија. Ова е прв случај на западно-нилска треска во државата за 2013 година, се вели во соопштението од Министерството за здравство.

Болеста се пренесува со каснување од заразен комарец со вирусот на западно-нилска треска. Кај најголем број заболени, болеста може да помине без симптоми, додека кај помал дел од заболените се јавуваат симптоми како висока температура, треска, главоболка, мачнина, замор... Само кај еден процент може да се јават посериозни компликации како менингитис, енцефалитис, полиомиелитис-парализа... Најдобра превентива е самозаштитата преку користење креми и средства против комарци, како и  дезинсекција на јавни површини.

- Над 60 проценти од општините веќе реализираа акции за прскање против комарци (теристичко или авионско), а во останатите општини активностите се во тек и континуирано се спроведуваат. Во текот на оваа недела и претстојниот викенд, во координација на Министерството за транспорт и врски ќе биде спроведена поширока акција за авионско прскање во туристичките места - Охрид, Дојран, Ресен, Крушево, Берово, чешиново-Облешево. Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство редовно ја следи состојбата со ова заболување во Македонија и ги презема потребни мерки  за превенција, навремена дијагностика и лекување, се истакнува во соопштението од Министерството за здравство.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...