Бараме решение за името зашто сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО

Скопје, 26 јули 2013 (МИА) - Членството во ЕУ и НАТО се стратешки цели на Македонија, а спорот за името е пречка на тој пат, и затоа Македонија води разговори за името, рече министерот за надворешни работи Никола Попоски во обраќањето пред учесниците на Четвртата Глобална конференција на ОМД осврнувајќи се на македонската надворешна политика од осамостојувањето до денес.

- Бараме решение со нашиот јужен сосед затоа што сакаме да бидеме дел од ЕУ и НАТО. Покрај, тоа што во учебникот пишува дека тоа е базирано на меѓународно право има едно друго, многу посилно право, а тоа е кога сте внатре во клубот можете да имате однесување кое не ви е дозволено кога сте надвор од клубот. Парадоксот е тоа што ние имаме кристално чисто досие и ги исполнуваме сите критериуми во однос на нашиот јужен сосед, но повторно го немаме консензусот во Советот, односно Грција сепак обезбедува да нема едногласна согласност за да добиеме почеток на преговори и е нешто што е толерирано, вели Попоски

Според него, причина повеќе да бидеме дел од тие семејства и да бидеме дел од тие што ги носат одлуките е обајснувањето кое важи во политката, а тоа е „ако не сте на масата, тогаш сте на менито“, односно „некој друг ви ја крои капата“.

- Токму затоа треба да го задржиме најсилниот наш аргумент дека сме во право, ги исполнуваме критериумите, а тоа не го велиме ние затоа што така ни одговора, туку го вели најрелевантниот орган на ОН во делот на меѓународното право, Меѓународниот суд на правдата со пресудата од декември 2011, каде јасно кажува кој е, а кој не е во право, кој го прекршил договорот, кој не и што може да се очекува од нас и од нив. Тоа колку треба да го почитувате или не повторно зависи дали сте внатре или не. Значи имате еднакви и поеднакви, појаснува шефот на дипломатијата.

Запрашан за името, Попоски појасни дека во делот на меѓуанродната употреба Македонија има потпишано Времена спогодба од 1995 година со која дозволуваме на ОН да ја користи референцата ПЈРМ. Заложбите на Владата се, додава, за афирмирање на уставното име, а тоа го прави преку бројните потпишани меѓународни договори и со воспоставените дипломатски односи под уставното име.

- Тоа што е во нашиот Устав и е потврдено со референдумот не може да се промени на никаков друг начин, освен на истиот метод како е утврдено. Нашиот аргумент е дека имаме меѓуанродно правно чисто досие. Бидејќи припаѓаме на семејството на демократии и држави со пазарна економија нема друг начин на кој може да се смени и ние од тој аспект немаме зошто да стравуваме од каква било опасност. Она за што вложуваме напори да најдеме решение за името со нашиот јужен сосед е нашата аспирација да бидеме член на НАТО и на ЕУ и тами вложуваме максимлани напори. Ништо друго не можат да променат иврз ништо друго не можат да влијаат затоа што имаме чисто досије, порача Попоски.

Тој се осврна и на приоритетите на Македонија за градење просперитетна држава.

- Успех за Република Македонија е што сме израснале како актер „ќе го биде нема да го биде“ во придонесувач на градење на глобален мир на светско ниво, дека сме исполниле голем дел од критериумите за зачленување во евроатланстксиот клуб, дека имаме изградени здрави односи со сите актери кои припаѓаат на тоа семејство и се надеваме да градиме и со оние кои ни ги поставија пречките за да не можеме да го реализираме тоа, односно ќе продолжиме да се однесуваме одговорно и конструктивно и кон соседот кој ни го отежнал во значителна мерка тој пат, рече Попоски.

Како приоритети на македонската дипломатија ги наведе економската дипломатија и јавната дипломатија, кон која придонесуваат и Македонците од дијапсората, бидејќи со своето однесување и работење го градот имиџот за државата во средините и државите каде живеат.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...