Нови оштетување на македонски возила во Грција

Скопје, 5 август 2013 (МИА) - Три македонски семејства кои одлучиле својот одмор и празниците да ги поминат во соседна Грција повторно се соочија со оштетувања на возилата.

Како што соопшти МВР, на 2 август на Граничниот премин „Богородица“, Ѓ.Х. кој патувал со патничко возило „Југо корал“ со скопски регистарски ознаки, пријавил дека комплет табличките му биле украдени во туристичкото место Неа Пори. Оштетениот го пријавил случајот и во грчката полиција.

Други два случаи се пријавени на 3 август на Граничниот премин „Стар Дојран“. Во првиот М.Д. кој патувал со патничко возило „Мерцедес“ со беровски регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Полихроно, со спреј му била прекриена ознаката МК, но случајот не го пријавил и во грчката полиција. Во вториот случај, исто така на Граничниот премин „Стар Дојран“, Ж.К. кој патувал со возило „Фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Лептокарија, му биле украдени комплет табличките, а кражбата ја пријавил и во грчката полиција.

Со овие новорегистрирани случаи, во изминатиот период од страна на македонската гранична полиција евидентирани се 32 одземања, односно кражби на регистарски таблички во кои во повеќето или во 23 случаи се украдени обете таблички. И натаму предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 7 случаи.

Од вкупниот број случаи - 24 се пријавени од страна на македонски државјани и на грчката полиција, но досега, како што информираат од МВР, се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Осумнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...