Уште едно македонско возило оштетено во Грција

Скопје, 6 август 2013 (МИА) - На Граничниот премин „Богородица“ скопјанецот Г.Ј. вчера пријавил дека во местото Полигирос, во соседна Грција, му биле украдени регистерските таблички од автомобилот. Вкупно досега македонската гранична полиција регистрирала 40 оштетувања на возила и одземање таблички во Грција. Дваесет и пет од случаите се пријавени во грчката полиција, која до МВР за нив се уште не доставила никаква информација.     

Како што соопшти МВР, Г.Ј. од Скопје, кој управувал „Фолксваген Голф“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Полигирос, му биле украдени табличките, а кражбата ја пријавил и во грчката полиција.

Од вкупно 40-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори, каде се извршени шест. Во седум случаи било пријавено оштетување на возила.

Од вкупниот број случаи - 25 се пријавени од страна на наши државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите.

Деветнаесет од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...