Уште две македонски возила оштетени во Грција

Скопје, 11 август 2013 (МИА) - Уште два нови случаи на оштетувања на возила, беа пријавени од македонски државјани кои престојувале во Грција, со што вкупниот број на вакви инциденти летово се искачи на 45 случаи.

Во текот на вчерашниот ден на Граничниот премин „Богородица“, В.И. од Скопје, кој управувал патничко возило „Фиат Пунто“ со скопски регистерски ознаки, пријавил дека во туристичкото место Неа Врасна, со спреј комплет му биле прикриени двете ознаки МК, а му била повлечена и црвена линија од багажникот до предниот лев фар. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.

Во вториот случај, на Граничниот премин „Богородица“, П.Ј. од Скопје, кој управувал патничко возило „Цитроен“, со штипски регистерски ознаки, пријавил дека на Халкидики, со спреј му биле испрскани ознаките МК на двете таблички. Оштетувањето не го пријавил и во грчката полиција.

Со овие два новорегистрирани случаи, односно три во текот на викендов, во изминатиот период од страна на нашата гранична полиција евидентирани се вкупно 45 оштетувања на возила и одземања на таблички.

Од 45-те оштетувања кои ги пријавиле македонските државјани, 32 се кражби на регистарски таблички, од кои во 24 случаи се украдени обете таблички. Предничи туристичкото место Ханиоти каде што досега се евидентирани 13 кражби и Неа Пори (6). По однос на оштетените возила бројката на вакви настани сега нарасна на 10 случаи.

Како што соопшти МВР, од вкупниот број случаи, 27 се пријавени од македонските државјани и на грчката полиција, но досега МВР се уште нема добиено никаква информација од грчките колеги за случаите. Дваесет и двајца од македонските граѓани кои пријавиле кражба или оштетување се од Скопје, а останатите од други места во државава.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...