Традиционално добри односи и поддршка за НАТО и ЕУ

Скопје, 25 септември 2013 (МИА) - Обединетото Кралство и Република Македонија имаат навистина силни пријателски врски. Ние секогаш го поддржуваме членството на Македонија во ЕУ и во НАТО и правиме се што е можно тоа да се оствари, изјави баронесата Д'Соуза, спикер на Горниот дом на британскиот Парламент, по средбата со претседателот на македонското Собрание Трајко Вељаноски.

- Сите знаеме дека ова е долг демократски процес, но размената на искуства меѓу Република Македонија и Обединетото Кралство може секако да придонесе во тоа, рече Д'Споуза.

Претседателот на Собранието Трајко Вељаноски истакна дека нивната средба е придонес кон унапредување на односите на двете држави кои традиционално се добри и целат кон континуиран развој.

- Денешната средба е само уште една потврда за пријателските и партнерски односи што Република Македонија ги гради со Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска и уште една потврда за подготвеноста на двете страни за интензивирање на односите и соработката во сите сфери од заемен интерес, изјави претседателот на македонскиот Парламент. 

Значајно, како што рече, е да се потенцира дека од воспоставувањето на дипломатските односи во декември 1993 година Обединетото Кралство во континуитет го поддржува интегративниот процес на Македонија за полноправно членство во Европската унија и во НАТО и во билатералната комуникација го користи нашето уставно име.

Потсети на проектите кои Обединетото Кралство ги поддржува преку амбасадата во Скопје и Вестминстер фондацијата со која Собранието има долгогодишна соработка. Тоа придонесе за унапредување на професионалните квалификации и градење на капацитетот на Собранието на Република Македонија.

- Разменивме мислење и за парламентарната соработка и за нејзино интензивирање на ниво на групи за соработка и на работни тела, како и за унапредување на економските односи и бизнис можности и други прашања од значење на граѓаните на двете држави, изјави Вељаноски.

Баронесата Д'Соуза е во прва официјална посета на Македонија, токму кога се одбележува дваесетгодишнината од формалното воспоставување на односи помеѓу Македонија и Обединетото Кралство.

Tаа денеска се обрати пред пратениците во македонското Собрание, а имаше средба и со претседателот на пратеничката група за соработка со Парламентот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска Ермира Мехмети и со нејзините членови.

Претходно положи венец свежо цвеќе на Споменикот на паднатите херои за Македонија наспроти Собранието.

За време на официјалната посета баранесата Д'Соуза во Владата ќе се сретне со вицепремиерите Владимир Пешевски и Фатмир Бесими и со министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска. Ќе разговара и со лидерот на опозициската СДСМ Зоран Заев, како и со претставници на граѓанското општество. Баронесата Д'Соуза ќе го посети и Тетово, каде што нејзина домаќинка ќе биде градоначалничката на овој град Теута Арифи.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...