Бесими-Д’Соуза:

Британија силно ја поддржува евроинтеграцијата на Македонија

Скопје, 25 септември 2013 (МИА) - Заменик претседателот на Владата на Република Македонија задолжен за европски прашања, Фатмир Бесими, денеска оствари работна средба со Бароница Францис Д’Суза, Лорд, Спикер на Домот на Лордовите на Парламентот на Обединетото Кралство.

На средбата Бароницата Д’Суза истакнала дека Обединетото Кралство е силен поддржувач на Република Македонија и нејзиното европско интегрирање, како и на процесот на проширување на Европската унија во целост.

Вицепремиерот Бесими се осврнал на силната заложба на владата во поглед на остварување на реформите со цел приближување кон ЕУ, напорите кои Република Македонија ги презема во однос на натамошното унапредување на добрососедските односи и регионалната соработка, како и во однос на надминување на спорот со името со Република Грција.

- Од особено значење за нашиот народ и владата ќе претставува добивањето датум за отпочнување на преговорите, кој ќе го охрабри и поттикне понатамошниот реформски процес, како и волјата на граѓаните за пристапување во ЕУ, во таа насока, бараме поддршка да ни биде овозможено да отпочнеме со преговарачкиот процес за полноправно зачленување во ЕУ, при тоа решението за билатералните прашања да се најде пред полноправното зачленување во истата, истакнал Бесими.

Ова, стои во денешното соопштение од Секретаријатот за европски прашања, беше дел и од мартовскиот Извештај на Комитетот за Европска Унија при Домот на Лордовите, каде што беше потенцирана важноста на понатамошното проширување на ЕУ, базирана врз принципот на градење на економски раст и зголемување на безбедноста на континентот. Имајќи ја предвид поддршката од страна на Обединетото Кралство во поглед на континуираниот процес на проширување на Унијата, како и нејзиниот став дека ЕУ треба да ја испочитува својата обврска кон земјите од Балканот за добивање членство по исполнување на критериумите, како и дваесет годишната успешна дипломатска соработка со Обединетото Кралство, добивањето на кандидатски статус на Република Македонија, токму за време на британското претседателство со ЕУ, очекуваме силна поддршка и лобирање во поглед на добивање датум за отпочнување на преговори со Европската унија, како и интензивирање и унапредување на билатералните односи и соработката во сите сфери од заемен интерес.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...