Во Атина нема подготвеност за надминување на спорот

Скопје, 30 септември 2013 (МИА) - Македонија покажа голема подготвеност да ги продолжи разговорите со Грција под покровителство на ОН со цел да се дојде до решение за долгогодишниот спор, но нема соговорник од другата страна, истакнува шефот на македонската дипломатија Никола Попоски во интервју за турската агенција „Анадолија“.

Иако спорот трае многу долг период, според Попоски, сепак, не станува збор за „замрзнат конфликт“. Посочува дека македонската страна со повеќе чекори покажа дека сака да се дојде до компромис, оценувајќи ја ситуацијата како „горчливо-слатка“ со македонска победа во однос на правото, но од друга страна со блокада во евро и евроатлантската интеграција.

- Покажавме капацитет да се дојде до компромис како што никој не може да замисли. Досега направивме огромни жртви со прифаќање на компромисно решение во 1995 година, со Привремената спогодба, што значеше промена на знамето, Уставот и дополнителни гаранции кон јужниот сосед, а за возврат не добивме ништо, освен понижувачко именување во Обединетите нации, вели македонскиот министер за надворешни работи.

Отстапките кон Атина, додава Попоски, Македонија ги направи со една цел - да и се овозможи да напредува во евроатлантските интеграции.

- Но, Атина не го почитуваше договорот со Скопје склучен под покровителство на ОН. Едната и единствена обврска што Грција ја презеде е прекршена, истакнува шефот на македонската дипломатија.

Потсетува дека Грција со Привремената спогодба од 1995 година се обврза да не го попречува членството на Македонија во меѓународни организации под референцата „ПЈРМ“, обврска што ја прекрши на Самитот на НАТО во 2008 година кога го блокираше приемот на Македонија. Меѓународниот суд на правдата пресуди дека Грција со блокадата на Македонија во Букурешт ја прекршила Привремената спогодба, но состојбата и натаму е непроменета.

- Она што е проблем во моментот е дека една земја-членка на ОН не е подготвена да ја почитува Повелбата на Светската организација, не ги почитува меѓународните обврски и го блокира приемот на Македонија во НАТО и ЕУ, вели Попоски.

За обвинувањата од Атина дека Македонија има територијални претензии, ги краде грчката историја и култура, тој оценува дека станува збор само за оправдување за да не се преземе ништо во врска со проблемот.

- Искрено, тоа не може да се дефинира никако поинаку освен како оправдувања. Грчките политички лидери во изминатите години покажаа исклучителен капацитет за наоѓање изговори. Единствениот изговор или единственото објаснување што не го дадоа е како може да се прекршуваат меѓународното право и преземените обврски толку долго време. Оттука, се поставува и прашањето како можат да го оправдаат своето членство во ОН. Овие прашања се уште остануваат неодговорени, вели Попоски.

Според него, во моментот е очигледно дека во Атина нема подготвеност за надминување на спорот, единственото нерешено прашање во грчко-македонските односи, кои надвор од таа слика, како што наведува, се навистина добри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...